Измамник, генијалец, заработил над 500.000 долари од продажба на лосион ПРОТИВ 5G мрежата
Зачудувачки е голем бројот на анти-5G луѓе ширум светот. Некои од овие луѓе се многу екстремни во врска со тоа, па дури и палат 5G кули во нивните градови. Додека компаниите се фрустрираат поради тоа што луѓето ја уништуваат нивната 5G инфраструктура, еден човек од Сиетл одлучи да профитира во целиот неред правејќи ѝ „јака финта“ на анти-5G заедницата.
Генијалниот измамник си направи веб страна на која преку е-продажба рекламирал и продавал „лосион за заштита од 5G“. Верувале или не со неговиот „изум“ тој заработил над 500.000 долари. Да, постојат толку глупави луѓе.
На веб-страницата имало клиенти од целиот свет пред да биде отстранета на 15-ти април. Сопственикот на веб-страницата ги насочи анти-5G групите на Фејсбук да го пласираат неговиот производ кој стана толку популарен што се продава на Амазон од препродавачи кои купуваа на големо. Лосионот против 5G се продавал за 20 долари на веб страната, но откако таа била избришана се продавал за 80 долари парче на eBay.
Властите велат дека биле шокирани од прегледите на производот затоа што луѓето што го купувале всушност мислеле дека тоа им го спасува животот од 5G кулите. Властите решиле да испитаат што има во „лековитиот лосион“ и докзнале дека станува збор за мешавина од многу стар вазелин и стара крема за сончање.