Измет пловеше во Вардар со едно прашање до надлежните

Изградбата на пречистителната станица на Вардар во Скопје спасот за енормното загадување на најдолгата македонска река, низ која постојано течат фекалии. Штетите ги трпат граѓаните, особено земјоделците кои произведуваат храна преку насади. Три години откако скопската градоначалничка Данела Арсовска дојде на чело на Град Скопје, а граѓаните немаат чуено низ збор за тоа до каде е изградбата на спасот за Вардар.

До каде е пречистителната станица за отпадни води е протестна уметничко-скулптурална акција која пред некој ден беше поставена во реката Вардар.

Акцијата е на активистот Никола Писарев од Центар за современи уметности и претставува повик кон властите за конечно почнување со изградба на пречистителна станица во Вардар.

„Пречистителна станица е ургентна потреба. Вардар гледаме дека е син, меѓутоа тој е петта категорија загаден. Практично, се почесто станува мртва река заради загадувањето, кое дел е од индустриски капацитети, меѓутоа дел е и од фекалната канализација“, изјави Писарев.

Тој потсети дека уште во 2010 година се зборува дека ќе се започне со изградба на пречистителната станица, но тоа уште не се случило.

 

 

 

Автпр:

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *