Измислена е дизајнерска пелена за возрасни за на концерти. Само за 70 евра комотно ќе се олесните и нема да пропуштите дел од настапот
Ново парче концертна опрема од 69 евра ви овозможува да не ја напуштите толпата за да одите во тоалет. Ммм звучи примамливо нели?
Ова е вечна дилема на љубителите на концерти ширум светот – не е на исто ниво како поголемите опасности како стампеда или терористички напади, но сепак е проблем. Откако сте чекале со часови и конечно на сцената излегува бендот за кој сте дошле, одеднаш ве фаќа потребата за тоалет. Но, не сакате да го изгубите местото кое сте го освоиле во толпата, па останувате на позиција, обидувајќи се да го игнорирате повикот на природата.
Логично решение за ова би било целосно да избегнете пиење течности, но тоа може да доведе до дехидрација – особено по часови поминати во гужва и под рефлектори.
СРЕЌА што компанијата Liquid Death нашла смело решение за љубителите на концерти. Во соработка со брендот Depend, Liquid Death ја претстави Pit Diaper – пелена за возрасни, специјално дизајнирана за најжестоките концертни фанови кои не сакаат да ја напуштат толпата, без разлика колку вода испиле.
Оваа пелена е одобрена од легендата на металкор сцената, тапанарот Бен Колер, и е направена од „рециклиран Liquid Death“, со способност да ги неутрализира мирисите и да спречи протекување. Тоа значи дека фановите можат да продолжат да уживаат без прекин.
„Настапот не може да се прекине за пауза во тоалет,“ изјави Колер. „Со Pit Diaper, можам да се хидрирам без да испуштам ниту еден такт.“
Pit Diaper е cruelty-free (етички произведен), изработен од материјал кој изгледа како кожа, украсен со ланци и шилци, и опишан како модна изјава и функционален додаток за концерти, совршено прилагоден за љубителите на метал сцената.
Компанијата тврди дека овој производ е „првата пелена за хеви метал“.
Пелената е компатибилна со Depend’s Guards for Men и гарантира дека никогаш нема да го пропуштите омилената песна или да се грижите за протекување.
Цената на Pit Diaper е 69 евра (75 долари) и е достапна исклучиво на веб-страницата на Liquid Death. Производот веднаш стана хит и беше распродаден за помалку од еден ден, а засега не се знае кога повторно ќе биде достапен.
Od koga izlegoa peleni za vozrasni tie se koristat i kaj mazite i kaj zenite na koncert.Koncert na stadion ili golema sala koj ke stigni do WC makar podvizno.E ova ako trpi poveke uriniranja.
Пола свет го имам пропатувано за концерти и фестивали, тони и литри алкохол имам испиено… Но, пелена не сум носел никогаш и прв пат слушам дека некој до сега носел вакво нешто :/
Коментирај анонимно