Изненадувачката причина поради која Џим Кери мораше да се врати од пензија и повторно да глуми
Во 2022 година, Џим Кери ја објави својата одлука да се повлече од актерството по улогата на злобниот д-р Роботник во филмот „Sonic the Hedgehog 2“. Но, сега легендата на комедијата повторно глуми во нов филм, а причината е изненадувачка.
Во интервју за Access Hollywood од април 2022 година, Кери изјави: „Ако ангелите ми донесат сценарио напишано со златно мастило кое ќе ми каже дека е важно луѓето да го видат, можеби ќе продолжам понатаму, но сега земам пауза.“
Пауза која не траеше долго. За помалку од две години, во февруари Variety откри дека Кери се враќа од пензија за да ја преземе улогата во „Sonic the Hedgehog 3“.
Филмот, чија премиера е закажана за 20 декември, го прикажува Кери во улогите на д-р Роботник и неговиот предок Џералд Роботник.
На премиерата на Sonic the Hedgehog 3 во Лондон, за време на интервју за Associated Press, Кери изјави: „Се вратив во оваа универзума бидејќи, прво, добив можност да глумам генијалец, што е малку претерување. И второ, искрено, купив многу работи и ми требаат пари.“
Точните суми од заработката на Кери за првите два филма не се објавени, но „Sonic the Hedgehog“ и неговото продолжение беа неочекувани хитови на бокс-офисот – што ретко се случува со адаптации на видео игри. Првиот филм заработи 319 милиони долари глобално, додека продолжението достигна импресивни 405 милиони долари.
Во февруари 2023 година, актерот од Ace Ventura го стави на продажба својот имот во Лос Анџелес, кој го поседувал три децении. Првично ценет на 29 милиони долари, цената на имотот падна на 19,75 милиони долари по речиси две години на пазарот.
Јакио глумец. Колку такви „глумци„ има…кусо да е…
Ова е чист пример на материјализмот на западниот начин на живеење – што повеќе имам, повеќе сакам!!!
Гледав интервју со Шекил О’Нил. Новинарот го прашува како го потрошил заработениот 1 милион долари? Вика, бев во салонот на Ролс Ројс и купив автомобил за 500.000 долари. Дошол дома и се пофалил на мајка му. А оваа му рекла а за мене? Се вратил во истиот салон и купил уште 1.
И која нас тоа се крчка со години. Како што би рекол екс Министерот за надворешни работи: мала ми е платата, од неа живеам (пс. 3000 еура). Или еден екс политичар, кој има: 23 станови, 2 апартмана во Панорама Резиденс и неколку градежни парцели… И малку му се!!!
Коментирај анонимно