Изуми што го променија светот во 2021 година

Отпадот и ѓубрето лесно можете да ги претворите во корисно ѓубриво, со помош на мал уред. Глувчето повеќе не е потребно бидејќи вашиот прст може да го контролира секој екран. Овие и некои други се изуми се веќе достапни и можете да ги купите во 2021 година.

Се трудиме да бидеме во тек со модерните технологии и затоа ви претставуваме 10 уреди за оваа година кои можат да ви го направат животот многу поедноставен.

1.Snowl: Глувчето за прст

Иднината е тука. Сега можете да се чувствувате како да сте во научно-фантастичен филм. Сноул е уред кој може да се носи на прст и има 3D опсег на движења на екраните, а служи како замена за глувчето кое сите го кориситме.

2. Ломи: Најдобар уред за ѓубриво

Нема повеќе непријатен мирис од ѓубре, бидејќи сега можете лесно да го трансформирате во ѓубриво богато со хранливи материи. Крајниот резултат е добар за одгледување растенија.

3. SiB: Едноставното копче поврзано на интернет за 5 долари

SiB е мало, безжично копче поврзано на интернет. Уредот може да се програмира да прави речиси сè: да вклучува и стартува програми, да комуницира со вас преку апликацијата за пораки, да испраќа инстант пораки, па дури и да ја мери температурата.

4. Shower Power: Хидроенергетскиот звучник

Овој звучник е направен од 100% рециклирана пластика и одговара на секој туш. Водоотпорен е и генерира 100% од својата енергија преку вода. Можете да слушате музика, аудио книги или подкасти во бањата. Кога е вклучен тушот, вклучен е и звучникот.

5. „Портал“ за миленичиња: Кучешка врата активирана со Bluetooth снезор на огрлицата

Порталот myQ Pet е паметно решение за сопствениците на куќи кои сакаат да ја чуваат својата куќа обезбедена и да им овозможат на своите миленици да излезат кога сакаат.

6. SNOO: Паметниот кревет за бебе

SNOO го подобрува спиењето на бебето со нежно лулање 24/7. Има брза реакција и често го смирува вознемиреното бебе за помалку од една минута. Може да ја инсталирате апликацијата SNOO и да добивате дневни извештаи и совети за спиење.

7. Алка за дезинфекција

Нема повеќе шишиња со средство за дезинфекција. Оваа алка изгледа многу елегантно и прска средство дезинфекција со притискање на копче.

8. Vormor: Скенирање на текст и гласовен преведувач во реално време

Vormor е рачен преведувачки уред кој има опција за скенирање и гласовен превод на 112 јазици. Сега можете лесно да преведувате печатен или дигитален текст и да го трансформирате во аудио. Работи дури и кога интернетот не е достапен.