„Извикувам: – Помош спасете ме! Ве молам! Немам воздух! Само очај во моите очи имаше – ОЧАЈ!“, вели Ана Карова која го преживеала пожарот во Кочани

Ана Карова е девојка која го преживеа катастрофалниот пожар во Кочани, но, за жал, ја загуби својата блиска другарка Сара, како и многу пријатели и познаници.

На својот Фејсбук профил, таа сподели колку ужасна била таа ноќ и откри дека била разочарана од однесувањето на една припадничка на полицијата, од која побарала помош.

Сепак, ова не се однесува на целата полиција, каде има многу храбри луѓе со големо срце, подготвени да го ризикуваат својот живот за да спасат друг, туку само на одредени исклучоци.

 

Објавата на Ана гласи:

„Каде ли живееме народе?

Каде се луѓето кои треба да се ГРИЖАТ за нас? Луѓе кои се зарекле дека ќе помагаат, ќе спасуваат, ќе се жртвуваат?! Каде беа тие кога ние се боревме за живот? Немо стоеа и нѐ гледаа…

Извикувам:
– Помош спасете ме! Ве молам! Немам воздух!

А личноста која го носи називот ПОЛИЦАЕЦ ме фаќа за рака и ми вели:
– Не бива!

Се потргнува и нѐ гледа. Само очај во моите очи имаше ОЧАЈ!

СРАМОТА Е ЛУЃЕ! Сите сме деца! Сите се боревме за живот! Само Бог нѐ чуваше во тој кобен момент.

Каде ќе ви оди душата бре луѓе?!! КАДЕЕЕ?!! ЖИВИ ГОРЕВМЕ!!!!! Не знаевме зошто, како, зошто ние баш да страдаме за гревовите ВАШИ?

Не заслуживме ние вака… мислевме дека ќе се грижите за нас!

Од ова ги исклучувам на прсти изброените полицајци кои помагаа“.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *