Извинете госпоѓо, мажот ви се онесвести (виц)
Маж и жена вечераат во ресторан. Во добро расположение се. Тој ја фаќа, ја бакнува со страст. Се бакнуваат некое време. Наенаш мажот се свлекува од столот и лежи неподвижен под масата. Жената не реагира, како ништо да не се случило, но келнерката испаничена ѝ приоѓа и ѝ вели:
– Извинете, госпоѓо, мислам дека вашиот сопруг се онесвести под масата.
– Не! – одговара ладно таа. – Тој штотуку влезе преку вратата!
Коментирај анонимно