„Извини ама девојка ти е сексуална работничка“ – Ако си богаташ и си на Бахамите пак не значи дека ти е загарантирано романтичното запросување

Развивач на недвижнини со седиште во Мајами рече дека неговиот план за романтично запросување бил попречен кога службеник за имиграција одбил неговата девојка и нејзината сестра да влезат на Бахамите поради сомневање дека се сексуални работници.

 

Хал „Нуби“ Сирс (64) планирал да ја побара својата девојка модел да се омажи за него за време на деветдневното патување на Бахамите, за време на кое планирале да останат на јахта долга 70 метри. Но на Дарина Пинзару (25) и нејзината сестра Ина (36) од Молдавија, им бил забранет влезот поради „предрасуда“ и биле вратени назад во Лондон.

„Беше толку страшно низ што поминаа. Тоа не може да се разбере. Тие беа однапред судени. Единствената правда што ја сакаме е извинување од владата на Бахамите. Но, ние никогаш нема да го добиеме тоа, па барем сакаме другите да знаат дека се изложени на ризик од ваков вид на злобни предрасуди – не постои друг начин да се опише ова“. – изјави тој.

 

Првичниот план бил двете сестри и десет други гости да му се придружат на Сирс на неговата јахта Pershing 7X од 5 милиони долари на патување што ќе ги однесе низ Бахамите и до Туркс и Кајкос. Сирс изјави дека чекал да пристигнат, но кога на Ина требало да ѝ се стави печат на пасошот, Дарина почнала да се соочува со проблеми.

 

„Бевме третирани како криминалци“, изјави Дарина. „Дури и се заканија дека ќе не стават во затвор“.

Откако таа му испратила порака на Сирс да му соопшти што се случува, тој повикал помош од одморалиштето „Оушн клуб“ „Фор Сезони“ каде што престојувал и дошол шефот на обезбедувањето на хотелот. И двајцата разговарале со главниот офицер за имиграција за кој велат дека не покажал знаци на попуштање.

 

Ина раскажа како на сестрите им ги одзеле телефоните, лаптопите и чантите, па дури и им земале отпечатоци од прсти.

„Дали имате финансиски средства да останете на Бахамите? Ина рече дека ја прашале. „Реков: „Да, секако дека имаме, имаме готовина, картички, нема проблем“.

„До овој момент никој ништо не ни објасни. Додека седевме надвор, оваа госпоѓа, шеф на имиграцијата излезе и рече: „Да, ја знам вашата култура, знам зошто сте тука. Не те сакаме овде и никогаш нема да стапнеш на бахамската земја“.

Двете потоа биле качени во друг авион и вратени во Лондон. Сирс вели дека подоцна поднел жалба во амбасадата на Бахамите во Лондон во име на двете сестри, но нема никаков одговор.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *