Извонредно зачуван ембрион од диносаурус е откриен во фосилизирано јајце во Кина, старо 72 милиони години

Извонредно зачуван ембрион на диносаурус е пронајден во фосилизирано јајце, откопано во јужна Кина, кое датира од пред околу 66-72 милиони години.

Ембрионот е наречен „Бебе Јинглијанг“ и е пронајден во карпите на „Формацијата Хекоу“ во индустрискиот парк Шахе во градот Ганжу во провинцијата Џиангкси.

Палеонтолозите предводени од Универзитетот во Бирмингем рекоа дека бебето Јинглијанг припаѓа на видови на тероподи диносауруси без заби.

Овирапторите, кои биле пердувести, се наоѓале во карпите во Азија и Северна Америка и имале различни клунови и големини на телото што им овозможувале да прифатат широк спектар на диети.

Бебето Јинглианг било блиску до денот кога требало да излезе од јајцето и е позиционирано многу слично како ембрионот на денешните птици.

Кај денешните птици, таквото држење се зазема за време на „тукинг“, фаза кога движењето на ембрионот е контролирано од централниот нервен систем што е критично за успешно испилување.

Студијата ја спроведе палеонтологот за ‘рбетници Фион Вајсум Ма од Универзитетот во Бирмингем и нејзините колеги.

„Ембрионите на диносаурусите се едни од најретките фосили и повеќето од нив се нецелосни со дислоцирани коски“, рече г-ѓа Ма.

„Многу сме возбудени поради откритието на „Бебето Јинглијанг“, тоа е зачувано во одлична состојба и ни помага да одговориме на многу прашања за растот и репродукцијата на диносаурусите.

„Овој ембрион на диносаурус во неговото јајце е еден од најубавите фосили што некогаш сум ги видел“, рече коавтор на трудот и палеонтолог за ‘рбетници Стив Брусат од Универзитетот во Единбург.

Целосните наоди од студијата беа објавени во списанието iScience.