Ја нарекувале кит, но денес таа е популарна благодарение на својот изглед
25-годишната Сем Пејџ имала тешко детство. Таа имала прекумерна тежина и нејзините родители побарале помош од специјалист кога имала само 11 години. Но, ниту часовите по танц и диетите не помагале. Децата во училиште ја нарекувале кит и крава, а дури и брат и ја нарекувал ,,фатзила” (огромна како Годзила).
Но, Сем и покрај сите трауми собрала храброст и купила бикини. Го облекла и снимила видео за Тик Ток. Сега таа има милиони следбеници и кариера како модел со плус големина.