Ја нема на картата: Мистериозна земја во Европа, за која малкумина слушнале

Само неколкумина слушнале за земјата меѓу Кавказ и Црното Море, а причината е што ја нема на картата. Поранешната автономна советска социјалистичка република во границите на Грузија прогласи независност во 1992 година и беше признаена од Русија, Никарагва, Венецуела и Науру, како и Јужна Осетија и Приднестровје.

Меѓународните организации како ООН, Европската комисија, ОБСЕ, НАТО, Светската трговска организација, Советот на Европа и повеќето суверени држави ја признаваат Абхазија како дел од Грузија и го поддржуваат нејзиниот територијален интегритет.

Фото: www.jameskerwin.uk

Главен град на Абхазија е Сухуми, крајбрежен град сместен на источниот брег на Црното Море. Во времето на поранешниот Советски Сојуз, Абхазија беше омилено летно одморалиште за љубителите на природа, а исто така вреди да се посети и Сухуми. Остатоци од римски sидови, тврдини и замоци, како и мостот Беслетски од 12 век и познатата ботаничка градина со повеќе од 5.000 видови растенија од 1840 година, се само некои од атракциите на тој град.

Фото: www.jameskerwin.uk

На околу 70 километри од Сухуми се наоѓа планинското езеро Рика. Освен што е сцена за паметење сама по себе, возењето до него преку Кавказ е вистински спектакл. Со поглед на густите шуми и водопади, туристите доаѓаат со автомобил или автобус до 950 метри надморска височина каде што се наоѓа езерото, опкружени со планини кои се издигаат до 3500 метри. Таму, Јосиф Сталин имал своја викендица.

www.jameskerwin.uk

www.jameskerwin.uk

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.