Ја паметиме од култниот филм „Враќање во иднината“, а еве како изгледа убавата актерка 37 години подоцна

Актерката Леа Томпсон е дел од незаборавната екипа на култната филмска франшиза „Враќање во иднината“, која ги смее гледачите речиси четири децении.

Во сите три продолженија, Леа ја играше Лорејн Бејнс-МекФлај, мајката на Марти МекФлај, кој го толкуваше Мајкл Џеј Фокс, а во текот на нејзината кариера имаше педесетина филмски, телевизиски и театарски улоги и се уште работи неуморно.

Денес таа има 60 години и е среќно мажена за режисерот Хауард Дојч (71), со кој се омажи во 1989 година. Заедно имаат две возрасни ќерки, 30-годишната Медлин и 27-годишната Зои, и двете ги следеа стапките на мајката и избраа актерска кариера.

Некои од другите филмови во кои Леа оствари забележителни улоги се „Howard the Duck“, „All the Right Moves“, „Some Kind of Wonderful“ и „Red Dawn“.

Со Кристофер Лојд, кој го отелотвори легендарниот Емет „Док“ Браун во трилогијата „Враќање во иднината“, таа глуми во вкупно седум филмови, од кои најновиот е „Следна станица, Божиќ“ (Next Stop, Christmas) од 2021 година.

Инаку, Леа е родена во Рочестер, Минесота. Како девојче посетувала балет и професионално  танцувала од 14-годишна возраст. Сепак, таа на крајот се откажала од него и на 20-годишна возраст се преселила во Њујорк и започнала филмска кариера.

Најпрво се појавила во реклами, каде партнерка ѝ била Елизабет Шу, која ја играла девојката на нејзиниот син, Џенифер Паркер, во второто и третото продолжение на „Враќање во иднината“.