Јадете додека можете: Чоколадото ќе стане недостапен луксуз, затоа што цената на какаото нема да престане да расте!
Чоколадото наскоро може да стане недостапен луксуз поради повеќе од двојното зголемување на цената на какаото во последната година. Екстремните временски услови во Гана и Брегот на Слоновата Коска, кои произведуваат две третини од светското какао, значително ја намалија жетвата, што доведе до нагло зголемување на трошоците.

Големите компании како „Cadbury“ и „Nestlé“ веќе ги зголемија цените, додека малите производители се борат да опстанат. На пример, цената на чоколадо со низок процент на шеќер од „Sainsbury’s“ се зголемила за 110%, додека тропак „Ferrero Rocher“ за 65%.
Производителите предупредуваат дека, ако жетвите останат слаби, чоколадото ќе стане уште поскапо и поретко. Какаото е исклучително тешка култура за одгледување – дрвјата се кревки, бараат температури од 20°C до 30°C, обилни дождови и сув период не подолг од три месеци. Се одгледува само во „чоколадниот појас“ околу екваторот, кој е сѐ позагрозен од екстремните климатски промени.

Сепак, Вили Харкорт-Куз, основач на „Willie’s Cacao“, смета дека чоколадото нема туку така да го снема, бидејќи во тешки времиња луѓето избегнуваат големи купувања, но сепак си дозволуваат мали задоволства.
„Чоколадото е мало уживање, нели?“

Коментирај анонимно