Јадев само овошје 30 дена… еве ги необичните несакани ефекти од толку многу шеќер

Шејд Мартин, 36 години, од северниот дел на Њујорк, се свртела кон оваа радикална диета откако страдала од силна болка во рамото, а физикалната терапија и лековите не успеале да ѝ помогнат.

Таа прочитала дека алкалното овошје – како ананас, бобинки, банани и манго – има антиинфламаторни својства, па се верува дека зголеменото внесување може да помогне во ублажување на болките во телото.

 

Шејд ја однела својата рестриктивна диета на следното ниво, консумирајќи само лубеница во првата недела.

Ова било проследено со јадење грозје шест дена, пред да започне да внесува поразновидни видови овошје во остатокот од својот предизвик.

И покрај ваквата ограничена исхрана, Шејд изјавила дека имала повеќе енергија од вообичаено поради бавното ослободување на природните шеќери, а исто така почувствувала и јасно размислување.

Истражувањата покажуваат дека овошјето може да го подобри мозочниот капацитет, а едно истражување од Харвардската медицинска школа откри дека жените кои консумирале две или повеќе порции јагоди и боровинки неделно ја одложувале загубата на меморија за до две и пол години.

 

Шејд доживеала речиси непостоечки менструални грчеви и ослабнала 4,5 килограми.

Иако вели дека имала повеќе придобивки отколку недостатоци, признава дека оваа диета не е за секого.

Таа веќе била веган и имала искуство со неколку сок-диети, па ова не претставувало радикална промена за неа како за другите.

Д-р Трејси Бригман, лиценциран нутриционист и професор на Универзитетот во Џорџија, вели дека не препорачува ваков екстремен пристап.

„Иако овошјето е одличен извор на некои хранливи материи, не ги содржи сите неопходни хранливи состојки за здравјето. Ова може да доведе до недостатоци во протеини, здрави масти и одредени витамини и минерали што се наоѓаат во други групи на храна. Дополнително, повеќето овошја имаат малку калории, што може да доведе до недостаток на енергија бидејќи е тешко да се внесе доволно калории само од овошје“.

 

Шејд вели дека имало и помалку пријатни ефекти. Кога јадела само грозје, почнала да излачува големи количини слуз. „Тоа само продолжуваше да излегува… не можев да верувам,“ раскажува таа.

Поради високата содржина на растителни влакна, таа исто така забележала зголемена дигестија. Експертите велат дека ова може да биде позитивен ефект, бидејќи го чисти дигестивниот систем и помага во елиминација на токсините.

На почетокот, кожата ѝ изгледала „дополнително сјајна,“ а потоа дошло до појава на неколку мозолчиња додека токсините излегувале од телото. На крајот, кожата ѝ изгледала поздрава.

Кога станува збор за менструацијата, Шејд вели дека грчевите биле минимални, но циклусот ѝ траел подолго од вообичаено.

Таа го започнувала денот со голема чаша вода со лимон или лимета, по што следувало смути од 900 мл со банани, урми, боровинки и цреши.

Наместо три оброци, грицкала индивидуални парчиња овошје во текот на денот. Најтешко ѝ било да ги гледа сопругот и ќерката како јадат „нормална“ храна.

Шејд ја завршила диетата со загубени 4,5 кг и истакнува дека губењето килограми не ѝ било цел. Таа нагласува дека овошјето е неопходно во исхраната и не треба да се избегнува поради митот за високата содржина на шеќер.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *