Јамајканец морал да се качи на кров на куќа за да ги пушти своите огромни „суканици“ кои ги растел 40 години: „Ова е за Гинисов рекорд“

Еден Јамајканец ги пушти откри своите „дредови“, кои ги чува повеќе од 40 години и за тоа да го направи морал да се качи на покривот.

Во снимката од 45 секунди објавена на профилот на „Инстаграм“ @jamaicaviralofficial , човекот, чие име не беше откриено, стои на врвот на една куќа за да ја пушти својата коса.

„Ваква коса не сте виделе“, рече случаен минувач“.
Тој ја отплеткува својата долга коса со прстите додека зборува со локалното население, кое е воодушевено од должината налик на Рапунзел.
Актуелниот Гинисов рекордер за најдолги „дредови“, Аша Мандела, кој има коса долга 5 метри, можеби има конкуренција, веруваат некои.

„Тоа мора да биде светски рекорд за најдолгите „Dreads“, беа некои од коментарите.

Портпаролот на Гинисовата книга на рекорди потврди за „The Post“: „Немаме запишан Гинисов рекорд за најдолги природни прамени на жив човек (маж).

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *