Јапонците живеат во 3024 година: „Да не беше шпоретот којшто работи на весници, после земјотресот ќе немаше што да јадеме“
Јапонија секогаш знае како да го изненади светот со своите технички иновации. Меѓутоа, кога станува збор за оризот, Јапонците се надминуваат себеси во генијалноста. Неодамнешниот земјотрес што се случи во Јапонија ги принуди Јапонците да го создадат неверојатниот шпорет за ориз „Тигар Камадо“.
Претходно се сметаше за егзотична идеја, но сега шпоретот за ориз кој се напојува со весник наместо на гас или струја, се покажа како спас за илјадници Јапонци без основни извори на енергија. „Тигар Камадо“ ја докажа својата ефикасност во најнепредвидени околности.
Јапонец од полуостровот Ното решил да купи „Тигар Камадо“. Неговото семејство, се разбира, било скептично за тешкиот и, според нив, бескорисен шпорет за ориз. Меѓутоа, кога големиот земјотрес им ги исклучи струјата и гасот, „Тигар Камадо“ стана суштински извор на топла храна во привремените засолништа.
„Моето семејство престана да ме кара“, рече човекот, додавајќи дека и други корисници ја потврдиле ефикасноста на шпоретот за ориз во екстремни услови.
Објавата за необичниот готвач за ориз стана вирална на социјалните мрежи, а десетици корисници ја потврдија неговата ефикасност. „Тигар Камадо“ може да направи од 1 до 5 чаши ориз и бара одреден број страници хартија или весници да се додаваат во редовни интервали.
Пронајдокот се состои од метална тава за ориз и преграда за печење со две големи отвори под тавата. Корисникот мора да ги свитка страниците на весниците на одреден начин и да ги вметнува во горилникот еден по еден.
Се сеќавам кога во 1996 година се појави весникот „Дневник“! За разлика од Нова Македонија која чинеше 40 ден, беше 15 ден. Со години купував по 3 весници дневно: Дневник, Утрински весник и Вест! Сега имам мобилен, но чувството не е исто! Нема крстозбор, средната страница на Вест… Ах, таа пуста младост!?
A nso vrska ima gotvenjeto na oris so vesnikot toj tvoj.
edinstveno so mozam da zaklucam e deka si GLUPO PUSTO MAKEDONCE
Коментирај анонимно