Јапонија троши 19 милиони долари само за да најде начин да го зголеми наталитетот

Да се запознаете со идното момче/девојка преку апликација е една работа, но дали би верувале во вештачката интелигенција да ви ја избере „сродната душа“ со која ќе треба да го поминете вашиот живот. Според Јапонија ова е иднината во склопување бракови.

Јапонската влада е подготвена да инвестира 19 милиони долари за вештачка интелигенција која треба да спојува самци во последниот обид на земјата да се бори против опаѓањето на бракови и стапката на наталитет.

Да се остави на владата да се справува со луѓето кои немаат партнери можеби звучи чудно но во Јапонија ова е честа појава. Државата се занимава со многу „самци-паразити“, односно луѓе кои имаат од 20-30 и нешто години и сѐ уште живеат со своите родители.

Тоа е тренд кој исто така се зголемува на запад, но во Јапонија, всушност станува сериозен проблем. Земјата веќе има најстара просечна популација во светот, и со помалку луѓе кои стапуваат во брак – и затоа се раѓаат помалку бебиња – популацијата на Јапонија се намалува, бргу. Минатата година земјата објави најниска стапка на наталитет од почетокот на евиденцијата пред повеќе од 100 години.

Околу половина од јапонските 47 префектури нудат услуги за склопување на средби поддржани од владата, од кои некои веќе вклучуваат вештачка интелигенција.

Локалните извештаи за новата стратегија на склопување на парови на владата велат дека инвестицијата ќе помогне да се развие напредна ВИ која може да ги земе предвид покомплексните критериуми при поставување потенцијални парови. Во моментот, услугите одлучуваат за спојувања засновани на статистички информации како што се возраста, приходот и образовните квалификации, додека овие нови и подобрени системи исто така ќе можат да предложат соодветни партнери засновани на работи како хоби и лични вредности.