Јапонски графички дизајнери продаваат 3Д маски кои чинат и до 770 евра, а еве и зошто

Повеќе од кога било досега, луѓето носат маски во секојдневниот живот. Некои се определуваат за стандардните медицински маски, додека некои се одлучуваат за помеки материјали, маски во потемна боја или маски со специјални дезени. Сепак, компанијата со седиште во Токио, Камења Омото е трговец на необичен и малку застрашувачки тип на маски.

Тие изгледаат неверојатно реално. Овие хипер-реалистични маски за лице се дизајнирани според ликот на вистински луѓе. Компанијата купува лица на луѓето за 40.000 јени (300 евра) за копирање и претворање во маска. Набргу потоа, нивниот тим од талентирани графички дизајнери ги фотографираат и 3D-податоците на избраното лице и започнуваат со креирање на маска. Процесот се прави рачно, и трае неколку часа.

Креациите се наречени „Тоа лице“. За оние кои се заинтересирани да го продадат своето лице за доброто на маските, дозволени се апликанти од Токио кои имаат најмалку 20 години. Ако нивното лице се претвори во маска што мора да се има, оригиналниот сопственик на лицето ќе добие дел од добивката – сепак, никогаш не им е дозволено да ги објавуваат своите идентитети.

Од најавувањето на проектот, Камења Омото вели дека е презаситен од бројот на заинтересирани за продажба на нивните лица. Сепак, тоа не значи дека не е селективно.

Во изјавата, компанијата рече: „Ние ќе ги купиме и продадеме вашите лица. Научно фантастична приказна сега стана реалност. Никој сè уште не знае што ќе се случи со свет полн со исти лица како вас.“ Заинтеренсираните ќе можат да си купат ваква маска за 770 евра.