Јапонско кафуле во кое ќе можете да се играте со преслатки мали прасиња и не, не се за јадење

Кога ќе си замислите кафуле за домашни миленици веднаш си замислувате кафуле со мали кученца и маченца, но во Јапонија има кафуле со многу интересни мали животни кои не се гледаат секој ден. Јапонското кафуле „Мипиг“ им нуди на своите клиенти можност да уживаат во чај или кафе во друштво на неодоливи „микро-прасиња“. Во секоја од четирите установи на „Мипиг“ кои добиваат одлични критики на „Трипадвизер“, минијатурни свињи трчаат слободно, се галат и мазат на задоволството на гостите.