„Јас не сум личност на која ѝ треба с*кс!“ Дру Баримор откри дека немала „интимна врска“ откако се раздели со поранешниот партнер Вил Копелман, во 2016 година
Дру Баримор откри дека не била во „интимна врска“ од нејзината разделба со Вил Копелман во 2016 година, додека објаснуваше како нејзиниот „глед на сексот навистина се променил“.
Во неделата наутро, 47-годишната ѕвезда на „Blended“ сподели фотографија на која го држи својот лаптоп, со натпис кој ги охрабрува фановите да прочитаат „многу лична приказна“, што таа ја напиша за практикувањето на апстиненција како самохрана мајка.
„На речиси 48 години имам многу различни чувства за интимноста од порано. Се занимавав со луѓе на возрасен начин уште од мала возраст!“ Напиша добитничката на Златен глобус на блогот на нејзиното ток-шоу.
Бидејќи нема „временска машина“ или начин да ја промени својата историја, мајката на две деца рече дека избира да „гледа на тоа низ позитивна призма“.
„По две деца и разделба од нивниот татко што ме натера да бидам претпазлива, имав задоволство да го префрлам мојот фокус кога станува збор за љубовта кон себе и моите две ќерки“, продолжи Баримор. „Знам дека тоа не вклучува маж, ниту го има некое време“.
Таа потоа сподели што нејзиниот терапевт ѝ рекол: „Сексот не е љубов! Тоа е израз на љубов“.
„Цел живот барав да слушнам такви зборови за да ми помогнат да ја разберам разликата и сега, благодарение на него, ја правам“, истакна ѕвездата. „И откако влегов во животот како самохрана мајка, не можам да имам интимна врска“.
Иако вели дека би можела да „стапи во врска“ во блиска иднина, таа инсистираше дека тоа „едноставно не и било“ приоритет.
„Јас не сум личност на која и треба секс и мора да излегувам таму и да се занимавам со луѓе на тоа ниво“, изјави Баримор. „Јас сум некој кој е длабоко посветен на моите ќерки и јас како жена треба да функционирам на тој начин!“
„Некои луѓе можат да излезат од брак или врска и во блиска иднина да се најдат во друга врска. Нема ништо лошо во тоа! Јас не судам! Го славам нивното уживање!“ вели таа.
Минатиот месец на една епизода од Шоуто на Дру Баримор, ѕвездата откри дека може да помине „години“ без секс откако дозна дека Ендрју Гарфилд се воздржувал шест месеци за неговата улога во филмот „Silence“.
Жените имаат многу мала желба за секс до нивната 30та година, со 2 макс 3 партнера. После 30та стануваат асексуани и го презираат сексот. Од 40та може веќе да се рачунаат за невини.
Така да ние мажите МОРА да ги игнорираме таквите жени, бидејќи нам сексот ни е важен.
Тие работи можат и поедноставно да се соопштат, нека кажат само дека не сакаат маж и не им треба маж. Што мора тоа преку сексот да се соопшти? Мажот е проблемот нели? Секс без маж не бидува. Кажи си фино не сакам маж.
Коментирај анонимно