„Јас сум алергична на вода, одбивам да се туширам, а алергијата е толку силна што дури и мојата пот ми предизвикува реакција“
Една жена од Јужна Каролина не може да се тушира поради исцрпувачка алергија на вода, што и предизвикува страшно чешање при секаков контакт со H2O.
„Тешко беше да се навикнам на ова како млада жена“, изјави 22 годишната Лорен Монтефуско за нејзината состојба.

Девојката страда од аквагена уртикарија, варијанта на алергија што предизвикува појава на осип по изложување на вода. Оваа мака е исклучително ретка со само 37 евидентирани случаи во медицинската литература. Кога Монтефуско се тушира или на друг начин ќе дојде во контакт со вода, таа доживува интензивно чешање, кое може да трае и до еден час.
„Се чувствувам како чешањето да е длабоко под површината на мојата кожа“, опиша кутрата девојка.
„Се трудам да не чешам, но не можам да се воздржам“.
Работите да бидат уште полоши, наводно нема начин да се ублажи агонијата.
Таа првпат ја забележала нејзината дермална хидрофобија кога имала 12 години, но нејзината состојба продолжила да се влошува со текот на годините. Таа конечно отишла на лекар три години подоцна, при што и била дијагностицирана гореспоменатата мака.

Бидејќи наводно нема лек за алергијата, Монтефуско се труди да ги ублажи симптомите со тоа што избегнува да се капе што е можно повеќе и да се тушира супер брзо кога треба. Потоа, таа гледа да се облече што е можно поскоро бидејќи студениот воздух може да ја засили болката.
Таа вели дека единственото решение е користење на „марамчиња за тело“ бидејќи тоа ја спречува воопшто да не мора да се бања.
За жал, болката што ја предизвикува состојбата не е само физичка. „Мислев дека е одвратно што се обидувам да не се туширам“, рече таа.
За среќа, Монтефуско успеала да најде група на луѓе со нејзина состојба кои исто така одбиваат да се тушираат, поради што таа вели дека се чувствува многу подобро откако ги запознала.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно