„Јас сум девојка висока 2 метри и мојот љубовен живот е катастрофа – но, не се жалам, заработувам илјадници долари месечно од ниски момци опседнати со мене“
Прекрасна манекенка, висока 2 метри, вели дека нејзиниот љубовен живот е ужасен, но не и е грижа бидејќи собира цело богатство пари на интернет.

Мари Темара се прослави како девојка која редовно има проблеми поврзани со висината и кои ги споделува на „TikTok“ и „Instagram“. 28-годишната девојка од Тампа, Флорида , исто така прави голем број на објави насочени кон нејзините „ниски кралеви“ – кои се нејзините најголеми фанови на момци.

Со оглед на тоа што пораснала над нејзините врсници на училиште и била тема на потсмев, таа ја свртела својата големина во своја полза. Сега Мари заработува дури 800.000 долари за еден месец со нејзините редовни прикачувања на содржини на нејзините социјални мрежи и „OnlyFans“.
Но, иако изгледа дека го има светот пред неа, Мари признава дека моментално ѝ недостасува романтичната страна од животот. Но, се чини дека тоа не ѝ пречи на убавата бринета, чии приходи ѝ овозможуваат да ги пензионира родителите и да го пресели целото семејство во комплекс со неа.

Мари рече дека иако нема романса на повидок, едноставно не ѝ пречи.
„Во моментов навистина немам време“, рече таа.
„Значи, романсите ми се целосно онлајн. Јас само разговарам со сите мои кралеви, сите момци онлајн“.
Мари вели дека со сите пари што ги собира, навлегла на пазарот за недвижнини и дека сега нејзиното семејство ѝ помага во управувањето со нејзиното портфолио.

Тоа е добра вест за секој среќен потенцијален додворувач, бидејќи Мари вели дека парите не ѝ се важни.
„Само барам некој што е самоуверен, љубезен, има добар карактер“, рече таа.

Коментирај анонимно