„Јас сум девојката која заработи 43 милиони долари за една година на OnlyFans, но сум девица и посветена христијанка“
Иако е моментално девојката што најмногу заработува на платформата OnlyFans, Софи Рејн е многу помирна личност од тоа што нејзината провокативна репутација сугерира. Девојката од Мајами, која заработила неверојатни 43 милиони долари за една година, е посветена христијанка и тврди дека е девица.
„Јас сум девица. Сè уште сум девица. Јас сум христијанка. Знам дека звучи чудно што работам на OnlyFans, но таму не правам ништо со други луѓе“ изјави таа претходно на Јутјуб.
Таа истакнува дека „чека на вистинската личност“ за да го помине остатокот од својот живот со неа.
Некои обожаватели ја доведуваат во прашање нејзината искреност, сметајќи дека тоа е маркетинг трик. Сепак, други ја поддржуваат.
Софи, која наполнила 20 години во септември, е во центарот на вниманието откако објави дека заработила 43 милиони долари на OnlyFans во изминатата година.
Таа оваа недела сподели детали за своите најголеми приходи, откривајќи дека нејзиниот најверен поддржувач потрошил 4,7 милиони долари на неа за помалку од 12 месеци. „Голема благодарност до мојот топ потрошувач што е тука од самиот почеток,“ напиша таа.
Софи има над девет милиони следбеници на TikTok, пет милиони на Instagram и три милиони на Snapchat.
Иако отсекогаш сонувала да биде влијателна личност, не очекувала дека ќе заработи милиони на OnlyFans. „Сè уште чекам да се разбудам од сон. Ова не ми се чини реално“.
Додека просечниот корисник на OnlyFans заработува околу 1.300 долари годишно, Софи успеала да заработи 43 милиони долари само во периодот од ноември 2023 до ноември 2024.
Иако сега е мултимилионерка, Софи пораснала во Флорида со семејство кое живеело на државна помош.
Откако почнала да заработува големи суми, таа искористила дел од парите за да ги отплати долговите за данок на нејзините родители.
„Сега, моите родители не мора да живеат од плата до плата,“ гордо вели таа.
Таа раскажа дека нејзиниот татко заплакал кога сфатил што направила за нив. „Ме прегрна најсилно и постојано ми се заблагодаруваше. Ми рекоа да продолжам да го правам тоа што го правам и дека секогаш ќе ме поддржуваат без разлика на сè. Прекрасно е чувството да можеш да помогнеш на своите родители и браќа и сестри. Тоа отсекогаш ми била целта. Да ги видам како се мачат додека растев многу ме погоди и тие не го заслужуваат тоа“, раскажува Софи.
Коментирај анонимно