„Јас сум експерт за тетоважи и сега ќе ви ги откријам 5 типа на „цртежи“ за коишто ќе зажалите за 10 години откако ќе ги ставите на вашето тело“
Човек кој има тетоважи кои покриваат голем дел од неговата глава и горниот дел од телото, откри за петте видови на тетоважи за коишто луѓето веројатно ќе зажалат за 10 години, откако ќе ги направат.
„ink.body1“, со вистинското име Дејв Чадли, е нешто како експерт кога станува збор за уметноста на телото. Тој собра огромен број на следбеници на „Инстаграм“ и „ТикТок“ со 300 илјади и 220 илјади следбеници на секоја платформа соодветно. Неговата содржина го истражува најдоброто и најлошото во светот на тетоважите, нагласувајќи што работи и што не функционира добро и нуди вредни сознанија за луѓето кои размислуваат да направат такво нешто.
Тој и самиот е многу тетовиран човек и затоа многу луѓе го почитуваат неговото мислење. Затоа кога ќе каже „Еве пет тетоважи за кои ќе зажалите во следните 10 години“, можеби вреди да се послуша.
Тој признава дека тетоважите со линии „изгледаат одлично кога првпат ќе се завршат“, но го вклучи алармот кога откри што се случува кога вашата кожа старее.
„Проблемот е… линиите ќе се искриват и ништо не можете да направите околу тоа“, предупреди тој. „Број 2. Го кажав и претходно, името на вашиот партнер. Никогаш не знаеш што ќе се случи. Не правете го тоа, едноставно немојте“.
Трети на листата беа сложените цртежи.
„Повторно, има големи шанси да ви истече крв и да се претвори во голем хаос. Но, исто така, може да покривате област што тогаш не можете да ја претворите во поголем проект“.
На четврто место беа портретите на „познати личности“.
На петто место беа премногу реалните тетоважи. За нив тој тврди дека никогаш нема да изгледаат доволно реално, како што сакате.
Во екс СФРЈ најчесто тетоважи се правеа у војска: „ЈНА, Бихач, 1977“…
Коментирај анонимно