„Јас сум мајка на близнаци и на моите бебиња ќе им направам тетоважи затоа што се идентични и не можам да ги разликувам“
Мајка на три деца се најде на мета на критиките откако се пошегувала дека ги истетовирала своите синови близнаци за да може да ги разликува.

Мајката Џенифер од САД, рече дека ги однела своите бебиња во салон за тетовирање, но дека била испратена дома.
„Кога ги одведов таму, момчето рече не, мора да имаат 18 години или повеќе бла, бла, бла“, рече таа во видеото на „TikTok“ .
Видеото, кое беше наменето за шега, стана вирално и стотици луѓе оставија коментари во кои ја критикуваа дека воопшто размислува за вистински тетоважи.

Таа се одлучила за мала тетоважа на „Јупитер“ за „бебето А“ затоа што тој е Риба и „КО“ за „бебето Б“ затоа што секогаш се обидува да ја „нокаутира“.
„Треба да можете да ги разликувате вашите сопствени деца, дури и ако се идентични, разбудете се“, напиша едно лице.
„Ова е ужасно, не ми се верува дека ги однесовте вашите бебиња во салон за тетовирање. Лош родител“, напиша друга жена.
„Има толку многу непријатни хемикалии во тие работи, немојте да ги користите за вашите деца“, рече една жена.
„Ова е лошо, тоа само покажува дека не се грижите доволно за нив за да знаете кои се“, рече друг.
„Само облечете различна облека на нив“, сугерираше една жена.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно