„Јас сум мајка на три деца која останува дома и се грижи за сѐ. Маж ми вели дека сум себична што сакам да одам сама на одмор една недела – луѓето велат дека треба да се разведам“
Мајка која работи од дома со скратено работно време и нејзината задача е да се грижи за децата и домот додека нејзиниот партнер, работи ИТ и само го шета кучето, сподели дека сака само една недела одмор каде што не мора да смирува расплакано дете и се присети на последниот момент што го имала само за себе, а тоа бил моментот кога била на гинеколог за пап тест – дури и тогаш нејзиниот партнер ѝ предложил да ги земе децата со себе.

Таа смета дека не е во ред тоа што сопругот ниеднаш не се понудил да земе одмор од работа за да ги почува децата, а таа да оди некаде една недела за нејзиниот роденден и да се одмори од тие обврски. Па сега таа се прашува дали е таа идиотот што сака да го направи тоа.
„Јас и мојот партнер имаме едно несогласување. Тој мисли дека сум себична што размислувам за ова. Мислам дека не сум. Тој ми предложи да објавам овде за да видам што велите сите.
Заедно сме 12 години. Мојот партнер има две обврски во однос на куќата. Сабајлето ги шета кучињата и со полно работно време оди на работа. Почесто тој заспива во 20 часот. Тој работи во ИТ.
Имаме три деца (седум, четири, две) и јас сум целосно одговорна за нивната грижа, како и за секоја домашна должност, перење, готвење, чистење. Јас сум мајка која останува дома, но исто така сум самовработена, па откако ќе се грижам за децата цел ден, работам неколку часа на мојот лаптоп.
Се ближи мојот роденден. Го прашав партнерот што мисли ако си резервирам одмор за една недела на мојот роденден и одам сама. Прашав дали може да искористи дел од својот платен одмор и да ја помине неделата со нашите три деца – да ги носи на училиште и да се грижи за куќата.
Ми рече дека сум себична. Го прашав: Дали е себично да сакам да одам на одмор една недела за мојот роденден? Тој рече да.
Мојот партнер нема перено алишта во последните десет години. Тој готви вечера „повремено“ (два пати месечно). Тој не чисти низ дома или да коси тревници. Сфаќам, тој е уморен и работи со полно работно време, но и јас работам и не се чувствувам ценета.
Само сакам недела кога нема да морам да го смирам детето што плаче, или да го спречам малото дете да трча по учица, или да се грижам за доброто време на сите други, додека го жртвувам моето добро. Последен пат каде што бев некаде сама е кога бев да правам пап тест и дури и тогаш сорпугот ми предложи да сум ги земела децата, иако тој е дома.
Одморот целосно ќе го платам јас. Тој добива 28 дена платено одмор, не вклучувајќи ги празниците. Минатата година изгуби 12 дена затоа што не ги искористи“.
Едно лице одговори велејќи дека делот од обврските во домаќинството станал „лудо неурамнотежен“: „Ти не си мајка што останува дома имате работа со скратено работно време. Вашата поделба на домашната работа е лудо неурамнотежена и сето тоа паѓа на вас. Се разбира, вашиот сопруг одбива да ве пушти да одите на одмор. Те молам заради себе резервирај го тој одмор и извести го дека ќе одиш. Можеби ако мораше да направи мал дел од сето она што сте го правеле со години, конечно би видел колку е нефер кон вас“.
Друг додаде: „Дефинитивно се согласувам. Повеќето татковци всушност сакаат да мислат дека домашната работа и грижата за децата не се голема работа и дека нивните работни места се потешки. Тој не сака да остане дома со своите деца, а вас ве нарекува себична затоа што сакате одмор. Веројатно не сака да одите на одмор за да не мора да го прави тоа што го правите вие секојдневно иако тоа е и негов дом и деца“.
Во меѓувреме многумина го нарекоа сопругот „дете“ и дека е луда што се уште е со него и дека треба да се разведе. „Подобро ќе ви биде да сте самохрана мајка тколку да бидете мажена за ова дете“.
„Звучи целосно исцрпувачки да се биде во брак со партнер кој прави толку малку и очигледно е подготвен да направи многу малку повеќе (однесете ги вашите деца на инвазивен медицински тест?! Не, благодарам). Треба да се разведете“
Што мислите вие?

Коментирај анонимно