„Јас сум мајка, но изгледам толку младо што додека бев да пазарам ми викнаа обезбедување“

Празничното пазарење на една мајка до нејзината локална продавница завршило со неочекуван пресврт.

Шакира (23) објави видео на својот ТикТок и раскажа дека отишла да пазари за празниците во продавницата Волмарт со нејзините деца и внуци. Бидејќи Волмарт нуди опција Walmart pickup, таа ги купила работите онлајн, а потоа отишла само да ги подигне.

„Значи, јас бев со децата во автомобилот. Стигнавме да ги подигнеме продуктите и одеднаш не сакаа да ми ги дадат и повикаа обезбедување. Тие беа како „Извинете, каде се вашите родители?“

Удирајќи се по градите, Шакира рече: „Јас сум родителот!“ – на што децата се смееја на задното седиште.

 

Некои луѓе коментираа дека таа намерно прави да изгледа помала, додека други едноставно ја пофалија за изгледот.

Еден напиша: „Изгледаш како 14-годишно момче“.

„Изгледаш на 12!!!“ додаде уште еден.

„Сфатете го како комплимент. Изгледате прекрасно“, коментираше трет.

„Не сакам да бидам груб, но не можете да ги обвините што помислиле дека изгледате како дете затоа што вие не се трудите да изгледате повозрасно“ – напиша четврт.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *