„Јас сум на мојата втора операција за бразилско подигнување на задникот, откако првата „умре“ — подготвена сум на секаков ризик за да имам совршено тело“
Скарлет Блек е подготвена да ја плати секоја цена за совршеното тело — без никакви компромиси.
28-годишната Британка, која неодамна изгуби над 68 килограми со помош на 13 козметички операции, повторно оди под нож за второто Бразилско подигнување на задникот (BBL), откако резултатите од првата интервенција не успеале.
R.I.P. BBL
„За да го добиете посакуваниот изглед, обично ви се потребни две BBLоперации. Голем дел од мастите што се реинјектираат во задникот всушност умираат — дури 50% или повеќе. Овој пат се фокусиравме на подигнување и додавање волумен“, објасни Скарлет во своето најново видео.
Скарлет, чија тежина достигнала 160 килограми за време на пандемијата поради зависност од брза храна, досега потрошила 36.000 долари — заштеда што првично ја планирала за купување на дом од соништата — на пластични операции во Турција за да го создаде своето „совршено“ тело.
Висока цена за убавина
Сепак, Скарлет не е единствената која троши големи суми за естетика. Во ерата на грижа за себеси, особено по ковид-пандемијата која поттикна бум на козметичките интервенции, луѓето насекаде инвестираат големи суми за да изгледаат подобро.
Во Њујорк и други градови, жени трошат над 12.000 долари за најновите импланти за гради, додека мажи на возраст од 25 до 50 години плаќаат над 16.000 долари за трансплантација на коса, процедура која доби прекар „BBLза мажи“ поради нејзината популарност.
Но, за Скарлет, повторното обликување на задникот не е само прашање на тренд. Тоа е скапо вложување за да се чувствува добро во сопствената кожа.
„Сите овие операции ми помогнаа и ментално и физички, и не жалам за ништо,“ изјави таа.
Нејзиниот пат кон трансформација започнал со операција за намалување на желудникот во февруари 2021 година, што чинела 4.400 долари. Оваа процедура ѝ помогнала драстично да ја намали тежината стекната за време на карантинот.
Соочена со „големи количества вишок кожа“ по екстремното слабеење, Скарлет продолжила со дополнителни интервенции: стомачна корекција, реконструкција на мускули, липосукција и затегнување на раце, изведени помеѓу 2021 и 2022 година. До средината на 2023 година, имала и три зголемувања на гради, подигнување на бутови, корекција на ареолите, BBL, липосукција и подигнување на задникот.
„Повторно би го направила истото без двоумење, за да се погледнам во огледало и конечно да се насмевнам на сопствениот одраз,“ вели Скарлет.
Иако некои онлајн критичари ја обвинуваат дека страда од „дисморфија на телото“ и ја потсетуваат на ризиците од умирање при секоја процедура, Скарлет е горда на себеси.
„Супер сум,“ ги увери своите следбеници, само неколку часа по последната BBL интервенција. „Се чувствувам одлично.“
Коментирај анонимно