„Јас сум најголемиот женски навивач на Арсенал и одам на натпревари за да легнам со некој – потребна сум им на навивачите“

Во свет каде што фудбалот е страст, љубов и традиција… се појавува Арабела Миа – самопрогласен „најголем женски фан“, која не оди на натпревари за да навива, туку за – да си најде партнери. Звучи како шега? Па, за жал, не е.

 

„Јас сум најголемиот женски навивач на Арсенал и одам на натпревари за да легнам со некој - потребна сум им на навивачите“

27-годишната Арабела стана вирална минатата сезона, откако почна да се појавува на натпревари облечена (читај: насликана) во бои на Арсенал. Нејзиниот фудбалски ангажман се сведува на комбинација од телесна боја, милиони следбеници и многу, ама баш многу самодоверба.
„Одам на натпревари за да се легнам со некој,“ вели таа со гордост, како да е тоа нова фан-култура. И не само тоа – според неа, на Арсенал повеќе им треба таа на новото љубовно шоу „The Big Match“ отколку нов напаѓач. Затоа што, нели, головите се преценети.

 

Ѕвезда на трибините (и TikTok)

 

Motika#31146

 

Арабела тврди дека е енциклопедија за Арсенал: „Можам да зборувам за тактики, а веднаш потоа да ти ги набројам сите одвратни навики.“ Што е реално страшно, ако мислиш дека разговорот за VAR може да заврши со roast на твојот стил на пораки.
И за оние што се прашуваат што има под дресот – не се замарајте. Таа вели: „Повеќето навивачи на Арсенал веќе ме имаат видено гола.“ Романтично, нели? Речиси како стара фудбалска песна, ама со OnlyFans вибрации.

 

Тактики, одвратни навики и… комплетна голотија

 

Motika#31146

Новото шоу на Арсенал ќе спојува навивачи на состаноци за време на натпревари. Ризик или генијален маркетинг трик? Ќе видиме. Арабела сака „вистински“ фудбалски фан – но никако навивач на Тотенхем. Тоа е единствената граница.
„Мажите мислат дека сум премногу убава за да разберам фудбал,“ се жали таа. Не дека се чуди некој, кога главна тактика и е – привлечи внимание, а потоа докажи дека знаеш кој е вториот голман на Арсенал.

 

Љубов, но не со навивачи на Тотенхем (тоа би било премногу)

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *