Јас сум „најпосакуваната девојка на светот“ и илјадници мажи сакаат да се забавуваат со мене – но ова е моето едно строго правило

27-годишната Вера Дајкманс тврди дека е „најпосакуваната девојка на светот“, откако примила 5.000 апликации од мажи кои сакаат да ѝ бидат дечко.

 

Девојката која живее во Лондон, предизвика врева на социјалните мрежи кога објави дека прифаќа пријави за потенцијален партнер. Но, и покрај огромниот број кандидати, таа вели дека само тројца од нив ги исполнувале нејзините строги критериуми. На крајот, сепак, Вера не пронајде љубов. Иако има над седум милиони следбеници на интернет, таа остана сингл.

Сега споделува совети за жените кои имаат проблем со наоѓање на „вистинскиот“.

 

 

Не прифаќајте помалку од она што го заслужувате

„Жените треба да имаат повеќе самопочит и да поставуваат јасни граници со мажитеж. Мажот треба да ве изведе на вистински состанок – вечера или некаква активност заедно. Не треба да прифаќате покани доцна навечер или состаноци кои не се однапред испланирани. Ова е моето строго правило – ако тој не предложи импресивен прв состанок, нема ни да одам. И треба да донесе подарок Примав скапа облека од брендови како Louis Vuitton и Hermès, но не станува збор за цената – туку за гестот. Дури и обичен букет цвеќе е доволен, сè додека покажува дека го цени вашето друштво. Јас заслужувам третман како принцеза – и вие, исто така.“ – вели таа.

 

 

Црвени знамиња кои не смеете да ги игнорирате

Вера вели дека жените треба веднаш да прекинат комуникација со мажи кои ги бараат само по 22 часот.

„Тоа е знак дека не ве почитува. Исто така, треба да внимавате на мажи кои даваат лажни ветувања или имаат двојни стандарди. Ако не се грижат за себе – било тоа да е во хигиенска или финансиска смисла – тоа е голем аларм за мене.“

Според неа, секоја врска без овие „фундаментални правила“ е осудена на пропаст.

 

Моделот признава дека добива критики од жени кои не се согласуваат со нејзиниот пристап или едноставно ѝ љубоморат.

„Член на семејството кој долго бара партнер престана да ми зборува откако ја објавив апликацијата за дечко – рече дека е срамно. Во професионална средина, исто така, сум почувствувала љубомора. На пример, една шминкерка одби да ми помогне затоа што нејзиниот дечко ме следел на социјалните мрежи. Но, за среќа, има и многу жени кои ме поддржуваат и ми посакуваат добро.А да бидам искрена, чувството е одлично кога толку многу мажи сакаат да ми бидат дечковци!“

 

0

Според неа, мажите ја сакаат затоа што е „автентична“.

Но, таа не планира да се задоволи со помалку од она што го заслужува – а нејзиниот идеален партнер треба да биде интелигентен, забавен, одговорен и по можност богат.

„Моментално ја ставив потрагата за дечко на пауза, но оставам опции отворени. Јас сум многу пребирлива и мажот мора да биде речиси совршен. Не мислам дека треба да правам компромиси – подобро да бидам сингл отколку со некој што не е вистинскиот. Се разбира, убаво е да добиваш внимание и љубов, но научив дека тоа не е најважното нешто во животот.“

 

  • Васе напиша:

    Имам еден другар „кој тврди“ дека е добар познавач на жените бидејќи има 200 пријателки на Фејсбук!!!
    Го прашав еднаш, со колку имаш излезено? Ме погледна зачудено, со ниедна вика, но имам шанси…
    Виртуелна заматеност донесоа социјалните мрежи, пусти лајкови и број на следбеници! Нема брак, нема деца!

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *