„Јас сум приватен детектив – мажите кои изневеруваат секогаш прават една работа пред да се видат со љубовницата“

Реј Рано кој е приватен детектив проценува дека околу 40% од неговата работа вклучува шпионирање на сопружниците кои изневеруваат. Тој откри една неверојатна работа што неверните мажи речиси секогаш ја прават пред да одат да ги земат своите љубовници.

Тие често одат да го исперат својот автомобил однапред за да се погрижат нивното возило да изгледа чисто.

„Штом некој го носи автомобилот на перење си мислам: „Ха ха, што е следно?“ Неверојатно е како го прават тоа. Жените не толку. Жените не го прават тоа толку многу затоа што обично тие се возат во автомобилот на мажот, мажите секогаш сакаат да возат. Многу е ретко да видам маж како влегува во автомобил на жена“.

 

Реј вели дека штом ќе се случи ова тоа што преостанува е добивање докази. Покрај класичен фотоапарат со долги леќи за снимање слики и видео од далечина, тој има неколку подмолни предмети за снимање на неговите цели, вклучително и лажна шолја за кафе со видео камера со висока дефиниција скриена внатре.

„Ако одам во кафуле или во супермаркет каде и да треба да бидам, само го вадам капакот ја вклучувам камерата го враќам капакот и изгледа како да шетам со кафе. Во меѓувреме снимам сè“.

 

Реј вели дека со текот на годините имал некои непријатни скандали – вклучително и дека бил ангажиран од човек кој сакал неговата сопруга да биде убиена.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *