„Јас сум професионална девојка и мажите ми плаќаат за вечери – еве ги најчудните барања што сум ги добила“
Австралијанка открива детали за својот живот како „професионална девојка“, каде мажите ѝ плаќаат за да се облече убаво и да оди со нив на луксузни состаноци.
Во еден случај, Руби Џејд била платена 1.000 долари за да го гледа својот клиент како има односи со друга жена, без таа да учествува.
24-годишната девојка од Бризбејн работи како танчарка во стриптиз-клуб, но вели дека нејзината дополнителна работа како „професионална девојка“ ѝ овозможува често да патува на луксузни дестинации или да ужива во оброци во ресторани со 5 ѕвезди.
Таа дури била платена за престој во луксузни хотели или спа-центри, а редовно добива скапи подароци, како накит и облека.
Иако се смета за сексуална работничка, Руби истакнува дека никогаш нема односи со своите клиенти и дека нејзината граница е „држење за раце“.
Руби објаснува дека ги сака и двете свои работи – како стриптизета и професионална девојка – и дека нема намера да ги напушти.
„Го обожавам моето работење како професионална девојка. Сум била платена за вечери, посети на забавни паркови, аркадни игри и спа. Клиентите чувствуваат некакво задоволство или награда од тоа, но никогаш не одиме подалеку од држење за раце,“ вели таа.
Таа се присетува и на моментот кога за првпат ѝ платиле да гледа како клиентот има односи со друга жена – што го опишува како нејзината трета „работа“: „да бидам набљудувач“.
„Станав набљудувачка откако клиентот ми предложи идеја – тој сакаше да ангажира ескорт, а јас се понудив да бидам таму со нив. Седев на стол во долна облека, со пијалок в рака, и дури им давав совети како да ја задоволи“
Руби објаснува дека за оваа улога и таа и ескортот биле платени, а клиентот бил презадоволен.
„Ова искуство ме направи попријатна и емпатична личност – ми даде поинаков поглед на тоа какво влијание можам да имам,“ додава таа. Навистина, прекрасно влијание…
Нејзината кариера се разбира започнала со OnlyFans во 2020 година, што подоцна прераснало во работа во стриптиз-клуб. Таму заработува околу 300 долари по работна вечер, а за викендите до 500 долари од бакшиши и приватни танци.
Некои клиенти ѝ плаќаат за фризури и купување намирници, додека други ја водат на состаноци и ги покриваат трошоците за скапи оброци, пијалаци и забава.
„Имав состанок во спа, со вечера, пијалаци и масажа. Кога одам на вечери, не се воздржувам – сметката лесно достигнува над 250 долари, а потоа си ги носам остатоците дома,“ вели Руби.
Во еден случај, клиент изнајмил хотелска соба за неа во хотел со 5 ѕвезди, но поминал само два часа со неа. Руби го искористила остатокот од престојот за мини-одмор со пријателките.
Таа има редовен клиент со кој има изградено доверба и со кого планира патување во Сингапур. Клиентот ѝ плаќа повеќе од 4.000 долари, покрај сите трошоци за патувањето, а тие нема дури ни да делат иста соба.
Коментирај анонимно