„Јас сум професионална девојка и заработувам над 1000 долари од вечер – но еднаш одбив пари поради неверојатна причина“
За Руби Џејд, животот како „професионална девојка“ бил полн со пари и забава — сè додека не ја запознала љубовта на својот живот.
24-годишната професионална придружничка од Бризбејн, Австралија, вели дека да се заработува над 1.300 долари по состанок со машки клиенти било „како да земаш бонбони од дете“. Но кога нејзиниот клиент за една вечер била жена — таа одбила да земе и денар.
„Ова беше првпат да излегувам со жена,“ објаснува Џејд за What’s The Jam. „Веднаш знаев дека не сакам да ѝ наплатам ништо. Бев заљубена.“
„Кога ја здогледав, нешто се случи во мене,“ додава таа. „Тоа беше чувство кое никогаш порано не сум го доживеала.“
Содржина:
Занимавање со мажи, љубов со жена
Иако не чувствува ништо освен „желба за нивните пари“ кога е со машки клиенти, со жената било поинаку.
„Професионална девојка“ е модерна верзија на старата професија — жени кои нудат друштво, интимност, па дури и љубовна илузија во замена за пари, подароци или патувања. Овој тренд стана особено популарен со порастот на платформи како OnlyFans.
Ригидни правила за мажите
Џејд е позната по тоа што никогаш не излегува со мажи ако не ѝ платат. Таа има нето вредност блиска до 1 милион долари и не дозволува физичка близина со клиентите — освен држење за рака.
Досега оваа година примила подароци вредни над 4.000 долари, вклучувајќи:
• Луксузно патување од две ноќевања
• Amazon Alexa уред
• Скапи предмети за дома
• И понуда за состанок во вредност од 9.800 долари
Но љубовта ѝ го смени ставот
Џејд ја запознала својата девојка кога оваа дошла во стриптиз клуб за својот роденден и потрошила многу пари на неа. Подоцна ја контактирала и ја „закажала“ за платен состанок.
„Беше обожавателка на мојот TikTok и ме имаше видено неколку пати во клубот,“ вели Џејд. „Се испостави дека и таа заработува пари од мажи — па точно знае како функционира бизнисот.“
Моќна двојка без љубомора
Сега двете се во официјална романтична врска и не чувствуваат љубомора кога другата работи. Сè уште не биле интимни.
„Имаме толку емоции, а сè уште не сме имале секс,“ признава Џејд. „Поради нашата работа, и двете имаме ниско либидо. Чекам вистински момент — сакам да биде посебно.“
Среќа во Македонија (сеуште) нема вакви девојки кои се фалат со своите успеси!!!
Не ти треба факултет, членство во политичка партија, балансер…
Only… OnlyFans… И малку само-реклама.
Коментирај анонимно