„Јас сум професионална девојка која има 3.000 ДЕЧКОВЦИ – заработувам 40.000 долари месечно и планирам да се пензионирам до 35“

30-годишната Џена Медисон не научила дека има нешто повредно од парите (а тоа е достоинството) и заработува 40.000 долари на OnlyFans како „професионална девојка“ за осамените мажи. А од сето ова ние заклучивме дека очигледно има многу осамени мажи.

Таа им наплаќа на мажите за обезбедување на „емоционална поддршка“, „секси разговори“ и „вистинска врска“ и со целиот профит што го прави може да се пензионира за 5 години.

 

Џена првпат почнала да се соблекува кога имала само 19 години поради финасиски проблеми.

Нејзиниот татко отишол во затвор, а нејзината мајка ја изгубила работата. Таа два месеци чувала во тајност што работи, а потоа конечно се отворила за тоа пред нејзината мајка. А на мајка ѝ всушност Ѝ ОЛЕСНИЛО затоа што ја добивала финансиската поддршка што ѝ била потребна.

 

И кога станала „модел“ на OnlyFans таа се грижела дека мајка ѝ ќе и биде лута, но наишла на „благослов и среќа“ од нејзина страна. И покрај тоа што не му кажала на татко си што работи, таа е сигурна дека тој ќе ја сака без разлика на се.

Џена оттогаш престанала да се соблекува и станала „професионална девојка“. Таа станува „навистина интимна со нејзините момчиња“. Таа зборува со нив како „обична девојка“ и дава „емоционална поддршка“ ако имаат лош ден.

 

Џена проценува дека има вкупно 2.500 до 3.000 дечковци, но поголемиот дел од времето го поминува со седум од нив секој ден, посветувајќи му по еден час на секој маж.

Но, тоа е скапа услуга, при што моделот наплаќа 100 долари за минута за работи како приспособено видео, иако општиот разговор може да биде многу поевтин. За време на нејзините секојдневни обврски, таа ќе разговара со кој и да е онлајн, без оглед на времетраењето.

„Бидејќи тоа не е еднонасочна врска – овие мажи ме задоволуваат и емотивно и сексуално, навистина е давање и земање“.

 

Џена верува дека мажите доаѓаат кај неа затоа што им дава „вистинска“ врска и не се работи само за секс.

„Ми рекоа дека моето тело е „крајната фантазија“ затоа што имам мал струк и поголем долен дел и гради D корпа. Но, ова не е само физички – нудам многу други работи кои вредат. Овде станува збор и за вистински врски“, додаде таа.

И верувале или не Џена е во СЕРИОЗНА ВРСКА веќе шест години.

„Понекогаш може да биде емотивно исцрпувачко и напорно да балансирам со мојот партнер од реалниот живот и со моите онлајн момчиња, но тоа не е ништо што еден слободен ден не може да го поправи. Но, се грижам да не го запоставам и да го задржам задоволен“.

Нејзиното момче е „во ред со сè“, но тој има една граница, а тоа не ја поддржува да снима „секаква содржина со други мажи“.

„ Забележав дека мојот долгогодишен партнер понекогаш станува малку љубоморен кога ме гледа во спалната соба како правам видеа за моите обожаватели и ги исполнувам нивните најголеми фантазии“, рече Џена.

И покрај нејзините „најдобри“ намери, таа вели дека некои од пријателите не се согласуваат со нејзината работа. Многу пријатели престанале да се дружат со неа, но на неа не ѝ е грижа за нивното мислење и верува дека тие се завидливи.

На крајот нејзината банкарска сметка е преполна со пари. Таа заработува од 25.000 до 40.000 долари месечно – во просек 1000 долари на ден. Па ако треба ќе си купи нови пријатели нели?

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *