„Јас сум самохрана мајка, често гладувам за да ги нахранам моите пет мачки – ќерка ми ја пратив некое време кај пријатели, ама никогаш нема да откажам од мачките, тие ми значат сè“

Самохрана мајка откри како повеќе би сакала да гладува отколку да ги даде своите пет мачки на посвојување во услови на тековната криза на трошоците за живот.

 

Миари Воркман (50) живее во Кардиф со нејзината деветгодишна ќерка, возрасниот син и нивните сакани миленици. Љубителката на мачки го поседува нејзиниот Бутси уште пред пандемијата, но браќата и сестрите Луси, Лејс, Волфи и Лунар се сите неодамнешни „додатоци“ во домаќинството.

Мајката на две деца – која бара да прима социјално поради нејзината депресија, вели дека нејзините мачки јадат по една цела кутија со сува храна секој ден. Како-така Миари плаќа 37 евра неделно само за нивната храна и не може да си дозволи да ги осигура. Сепак, сите нејзини миленици се стерилизирани и микрочипирани.

 

Откако започна кризата со трошоците за живот, Миари вели дека имало случаи кога морала да остане без храна за да ги нахрани своите миленици.

Таа објасни: „Понекогаш останувам без храна за да можам да ги нахранам моите мачки. Никогаш нема да се ослободам од моите мачки, тие се моето семејство. Ако треба да користам банки за храна за да ги поддржам, тоа е она што ќе го направам. Не се срамам, овие работи постојат за да се користат. Луѓето треба да престанат да се срамат и треба да ги користат кога им требаат“.

Банката за храна е непрофитна, добротворна организација која дистрибуира храна на оние кои имаат потешкотии да купат доволно за да не гладуваат.

 

Во изминатите неколку месеци, Миари вели дека имала проблеми со финансии во кои морала да се потпре на помошта од најблиските за да се издржи.

Таа рече: „Пријателите ја примија ќерка ми и таа прекрасно си поминуваше. Ако имам пари, а некој нема, тогаш ќе му помогнам“.

И покрај нејзините неодамнешни финансиски проблеми, Миари вели дека „се труди да не се грижи“ за нејзините деца да не бидат под стрес.

Таа додаде: „Се трудам да не се грижам за тоа за ќерка ми да не биде под стрес. Децата можат да ги почувствуваат овие работи“.

Иако не плаќа за осигурување на домашни миленици за своите мачки, Миари вели дека не би размислувала двапати дали да ги однесе на ветеринар ако треба да одат. „Тоа е милениче што значи дел од семејството. Семејството ми значи сѐ“.

  • Дарко Мицески напиша:

    А да посетиш психијатар?

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *