„Јас сум шампион во брзо јадење, можам да изедам 10 чизбургери за 4 минути – и еве како ја тренирам мојата 18-годишна ќерка да ги следи моите стапки“
Џон Доус (43), шофер за Амазон, може да изеде 20 колбаси и кило пире за пет минути. Шампионот во брзо јадење сега сака неговата 18-годишна ќерка да го продолжи неговото наследство


Тој сега ја тренира својата ќерка Кејти (18) во „уметноста“ на брзо јадење со надеж дека таа ќе го продолжи неговото „импресивно“ наследство. Ригорозниот режим на тренирање е одење во теретана, да прави по 15.000 чекори на ден и 24 часовен пост само со течности пред натпреварите. Таткото и ќерката од Билингем, Тисајд, исто така практикуваат да јадат купишта хамбургери за да се тренираат.


Г-дин Доус рече: „Отсекогаш знаев дека можам да јадам брзо, тоа беше битка да ја изедам мојата вечера пред сестра ми да почне да ми зема од јадењето, па морав да бидам брз. Можам да изедам кило пире и 20 колбаси за помалку од пет минути. Имам изедено 10 чизбургери за четири минути и 30 секунди, за една голема пица ми требаат само три минути. Можам да внесам 10.000 калории само со едно јадење“.

Г-дин Доус сега сака неговата 18-годишна ќерка да ги следи неговите стапки.
„Отсекогаш сакав Кејти да биде вклучена и таа секогаш беше во моите видеа на YouTube на FoodandTheBeast. Но морав некако да ја привлечам да учествува, па ја поткупив со пари од мојата парична награда од еден натпревар. Иако се уверувам дека правиме 15.000 чекори на ден, јас ѝпрепорачувам на Кејти да се воведе во 24-часовен пост само со течност бидејќи тоа го правам еден ден пред натпревар, кревањето тешки тегови исто така ми помага, додека Кејти оди во теретана за да се подготви“.

18-годишната Кејти вели дека ужива што создаваат спомени со нејзиниот татко.
„Прекрасно е да се види како татко ми е ентузијаст за тоа, јас сум за тоа, сакам да поминувам време со него, а предизвиците со храната и конкурентното јадење се работи во кои тој навистина ужива. Тоа е негова забава број еден и за нас да го правиме тоа заедно и да создаваме спомени е едноставно брилијантно“.

Коментирај анонимно