„Јас сум семејна жена и заработувам одлично, но имам едно хоби поради кое сите мислат дека сум сиромашна. Нека мислат што сакаат јас имам буквално најдено богатство!“

Дали треба да ја напуштите работата и да станете трагач во контејнери? Можеби…

 

 

 

Една жена од Балтимор вели дека случајно открила богатство од огромни 2 милиони долари во контејнер – сè, од садови за готвење „Le Creuset“ до фен „Dyson“ од 500 долари.

Џенифер Лерас (40) е зафатена мајка која поседува своја маркетинг фирма ѝ си живее удобно. Но, кога мајката на две деца била многу помлада, развила малку необична навика која тешко ја отфрлила. Нејзината потрага по ѓубре започнала уште на колеџ, кога професор по уметност предложил да го направат тоа како начин да се најдат интересни материјали.

Денес, таа се грижи за своите тинејџери деца и за нејзиниот бизнис, но сепак понекогаш наоѓа време и да брцне во некој контејнер.

„Одам можеби еднаш неделно – одам секогаш кога сум надвор по некоја работа, ги проверувам контејнерите. Сметам дека е забавно – тоа е како лов на богатство“.

 

 

Понекогаш, работите што ги наоѓа треба малку да се исчистат или поправат, но тоа не ја спречува.

Лерас вели дека го донира поголемиот дел од своите пронајдени работи – сè, од неносена облека до нерасиплива храна и училишен прибор – на организации за социјални услуги, училишта и библиотеки, но со текот на годините таа собрала и огромен асортиман на луксузни стоки.

 

 

„Размислувајќи за сè што најдов, тоа чини околу 100.000 долари годишно. Мислам дека тоа не ми заштедува тон пари затоа што чувам работи што ми се допаѓаат, а не работи што ми се потребни“, рече таа.

„Нуркањето“ во контејнер не е за секого“, призна таа. На некои места, тоа е целосно нелегално. Но, не во Мериленд, каде што законите се „прилично лабави“, рече таа.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *