„Јас сум урбан истражувач – оваа напуштена куќа со кукли е најстрашното место што некогаш сум го видел“

Мич Џонсон и Џејк Пар, двајца најдобри пријатели и урбани истражувачи, наишле на напуштен бунгалов во Шкотска со неколку застрашувачки работи во него.

 

 

 

„Веројатно тоа беше едно од најнепријатните места на кои некогаш сум бил“, рече Џонсон.

Мажите патувале шест и пол часа од Манчестер, Англија, до Селкирк, Шкотска, барајќи да ја истражат напуштената куќа за која слушнале неодамна. Напуштениот дом имал мрачна историја, таму живеела жена која опсесивно почнала да собира играчки, по смртта на нејзиниот сопруг.

 

 

 

Иако дуото не било 100% сигурно дали ова е куќата што ја барале по четири дена пребарување, тие решиле да влезат внатре за да се уверат сами.

„Сум бил на многу места низ светот сам, но ова беше најстрашното место на кое некогаш сум бил. Имаше многу чудна атмосфера што ме плашеше“, призна Џонсон.

 

 

Домот бил исполнет со спомен-играчки покриени со пајажина кои зафаќале цела една соба. Џонсон дури призна дека воздухот внатре бил влажен.

 

 

„Се чувствував како да ме гледаат. Едвај чекав да излезам од таму, навистина не можев. Поминав шест и пол часа возење, а потоа можеби еден час пешачење до домот и едноставно едвај чекав да излезам од местото“, признал тој.

Џонсон води неколку профили на социјалните мрежи, со над 51.000 следбеници на „Фејсбу“к. Тој прикачува содржини од неговите урбани истражувања низ светот.

  • Pit напиша:

    I vo skotska ne funkcionira moj termin???

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *