„Јас сум „XLL“ големина, а мојата другарка „S“ и се обидовме да ви покажеме како истата облека стои на различни тела“

Понекогаш не знаете како нешто ќе изгледа на вас додека не го пробате.

Како изгледа нешто на моделот веројатно нема да стои исто и на вас, особено ако не сте со иста големина.
Но, дали навистина постои голема разлика помеѓу тоа како изгледа облеката на луѓето со различни големини?

 

 

Попи е плус сајз моден инфлуенсер. Во неодамнешното видео Попи и нејзината пријателка Нина решија да направат споредба на големината со исти алишта. Тестирање на облека од „Asos“.
Попи е со големина „XXL“, а нејзината пријателка Нина е „S“.

 

Најпрво пробаа миди здолниште чија цена е 27 евра на „Asos“. Потоа пробаа комбинизон, па мини здолниште. Кроп топот што го пробаа моделите, со долги ракави чини 20 евра, а потоа панталоните со висок струк се 24 евра.
Конечно, Попи и нејзината пријателка го пробаа миди фустанот со плисирани  ракави со црни детали за појас. Овој фустан чини 60 евра.

 

Попи изјави дека не е задоволна од цената на овој фустан. Таа рече: „Исто така, ако ја погледнете малата верзија е на фустанот и поголемата верзија, знаете која е поскапа така?“

Попи рече: „Очигледно сега ги имав двата фустани овде со мене, тие се токму истиот фустан. Само што го соблеков ременот и го употребив појасот за тоа бидејќи појасот беше преголем“.

Овој експеримент на Попи наиде на позитивни критика кај нејзините следбеници, при што таа се надева дека ќе може да продолжи со ваков тип на видеа.

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *