„Јас сум згодна мајка и сега сум бремена. Одбивам да престанам да го покажувам моето згодно тело додека сум бремена, затоа што знам дека изгледам фантастично“
Џен Фергусон, која објавува под името @jenjferguson, се опишува себеси како „жешка мајка“ и одбива да се облекува на одреден начин само затоа што е бремена.
31-годишната девојка неодамна сподели клип на „TikTok“ во кој им возвраќа на луѓето кои велат дека треба да се облекува поконзервативно.
На видеото таа позира во бел џемпер со голи раменици со текст: „Сега си трудна, престани да покажуваш деколте!!!“

Но, мајката им пркоси на противниците и го прилагодува шик џемперот за уште повеќе да ја покаже својата фигура.
Џен, која веќе има еден син, претходно објасни дека е разведена и дека сега е свршена за нов дечко, но не е со него за неговите пари, туку бидејќи тој ја „смирува“.
Таа се надева дека ќе ги нормализира мајките кои се облекуваат како што сакаат, особено ако тоа вклучува покажување на дополнителна кожа.
И не е ни чудо што Џен го покажува своето тело бидејќи самата ослабела 85 килограми – но истот така признала дека има инјекции на усните и ги обработува градите за да го подобри својот изглед.
Зборувајќи за „Truly“, мајката откри дека луѓето ја оценуваат затоа што се облекува како што се облекува.
„Тие претпоставуваат дека сум лоша мајка затоа што покажувам кожа, но сепак сум фантастична мајка. Само го покажувам тоа! Осудена сум затоа што носам вакви работи. Мислам дека нивниот најголем проблем е што мислат дека сум мајка, имам синови и не треба да го покажувам ова“, рече таа.

Луѓето ја поддржуваат мисијата на мајката да го направи нормално носењето што сакате додека сте бремена.
Еден напиша: „Ти си апсолутно прекрасна!“
„Мајка ми оваа година наполни 60 години и сѐ уште носи панталони и мини здолништа и изгледа неверојатно додека го прави тоа“.

Коментирај анонимно