Јас знам се (виц)
Некој му кажал на Зоки дека сите возрасни си имаат некакви тајни и можеш многу лесно да ги уценуваш. Само им вели „јас знам се“ и готово. Се враќа Зоки дома и ѝ вели на мајка си:
– Јас знам се!
– Ау… Еве ти 500 денари, само не му кажувај на татко ти.
Зоки задоволен си ги става парите в џеб и оди кај татко си:
– Тато, јас знам се!
– Еве ти 1000 денари, само не ѝ кажувај на мајка ти!
Си ги зел и тие пари и решил да си ја проба среќата и со други луѓе. Излегол од дома и го видел комшијата во дворот. Му се доближил и со тивок глас му рекол:
– Комшија, јас знам се!
Комшијата малку се подзамислил, очите му се насолзиле и рекол:
– Тогаш дојди, гушни го твојот вистински татко, сине!
Коментирај анонимно