Јавна благодарност до македонските земјоделци, работници, родители, тутунари, сточари и до сите вие што правите одлична работа што ја држите главата во песокот

БЛАГОДАРИМЕ !
Земјоделци, Тутунари, Лозари, Овоштари, Оризари, Градинари, Ви Благодариме за се што правите за нас армијата на административни работници. Воопшто не сте себични и дури 2/3 од вашата заработувачка ја споделувате со нас. Ви благодариме што го полните буџетот на државата која ви ја преименувавме и што ни овозможувате леб без мотика. Да не бевте вие, ние не ќе постоевме во толкав број.

БЛАГОДАРИМЕ !
Сточари, Млекари, Месопроизводители, Кокошкари, Овчари, Кравари, Козари, Ви Благодариме за се што правите за нас Регуларната Армија која дење ноќе ве чува од внатрешниот и надворешниот непријател. Од залакот ваш и на вашите деца одвојувате средства за да купуваме Натовско Оружје и војуваме ширум светот. Ви Благодариме за несебичноста и љубовта кон државата што ви ја преименувавме. Да не бевте вие, ние ќе мораше да војуваме против Русија за да ги задоволиме нашите финансиски апетити.

БЛАГОДАРИМЕ !
Работници, Вас ви сме посебно благодарни што го полните буџетот на државата која ви ја преименувавме и што нас директорите и газдите ни овозможивте да почнеме од нула за да стигнеме до кула. Ќе ви дадеме и пензија секако ако останете живи по вашето доброволно вакцинирање. Ви благодариме за упорноста и свесноста со која ги одржувате нашите фабрики и фирми и што го полните буџетот. Да не бевте вие, ќе немавме кули, ферари, облакодери, лагоден живот.

БЛАГОДАРИМЕ !
Родители, Најголемата благодарност до вас. Школството ни е малце засбегано но затоа вие одлично сте ги воспитале вашите деца. Учи сине за да не работиш, Учи сине за да заминиш оттука, Учи сине за стигнеш во позиција на арамија. И додека вие треба да сте први во заштита на вашите поколенија, вие сте се препуштиле на стихијата која се поизвесно навестува дека ќе ве проголта вас и вашите поколенија. Благодариме за вашата Апатија, Незаинтересираност, Кукавичлук и слаб Разум. Да не бевте вие ќе имавме здраво општество и прогресивен живот.

БЛАГОДАРИМЕ !
За сите категории гореспоменати, Благодарност што сеуште ја чувате главата во песок, сеуште сте одлична мрша за нас лешинарите и сеуште стојте мирно кога ве тепаме по улиците кога ќе демонстрирате или ги барате своите елементарни човекови права. Поздрав од нас Милицијата која како војска на Олупаторот ве казнуваме на секој чекор, секако со ваша дозвола за што поголем буџет и што поголема распределба на пари во нашите џебови.

БЛАГОДАРИМЕ !

Автор: Тони Апостоловски Македонски

 

  • N. напиша:

    So vakov narod i mister BIN bi vladeel ..!!!!!!!

  • Tesibakosaka напиша:

    Jas vi sum preprenajnajblagodaren uste od 2003ta ebago ,v’gas da si gi nacukate kniskite partiski .

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *