Југото се враќа: Легендарниот автомобил во ново модерно спортско издание
На престижниот саем „Car Design Event 2025“ во Минхен беше претставен првиот модел на сосема новото Југо, чија продукција се очекува до 2027 година. Новото Југо го задржува својот препознатлив „кутичест“ изглед, но со современи линии, LED осветлување и осветлено лого. Тоа е модерен градски автомобил што ќе конкурира на модели како „Рено Клио“ и „Ситроен Ц3“. Особено внимание привлекува верзијата со електричен погон, но исто така се планираат и модели со атмосферски и турбо-бензински мотори, како и избор помеѓу мануелен и автоматски менувач.
Наследството на Yugo: од симбол на достапност до модерен ретро камбек
Оригиналното Yugo беше познато по својата едноставност, функционалност и ниска цена – како и по тоа што ја „демократизираше“ мобилноста на овие простори. Сега, новата верзија на автомобилот се обидува да се врати на големата сцена, со задржување на духот на достапност и практичност.
Дизајнирано од српскиот дизајнер Дарко Марчета, под менторство и водство на проф. д-р Александар Бјелиќ од Германија, новото Југо претставува дводелна хечбек конфигурација со широка и ниска силуета, насочена кон B-сегментот во Европа – класата на компактни градски автомобили. Целта на проектот е да се создаде функционален и достапен автомобил што ќе им одговара на потребите на новите генерации возачи.
Круна на враќањето ќе биде спортската верзија, чија премиера е закажана за септември 2025 година на саемот CDE Classic во Германија. Финалниот, функционален прототип подготвен за сериско производство ќе биде претставен во 2027 година на Експо во Белград. Југото се враќа не само како автомобил, туку и како симбол на културна поврзаност и иновација.
Технички детали и погонски опции
Иако повеќето детали сè уште се тајна, она што е веќе познато е дека новото Yugo ќе биде достапно со мотор со внатрешно согорување и избор помеѓу мануелен и автоматски менувач. Компанијата најавува дека електрифицирани верзии исто така се можни во иднина, како и различни каросериски изведби. Тоа значи дека идните купувачи ќе имаат флексибилност при изборот, без да се изгуби сè уште ретката можност за автомобил со класичен рачен менувач.
Засега не е потврдено каде точно ќе се продава новото Yugo, но се очекува европскиот пазар да биде главна цел со овој дел од Европа како главен фокус.
sto e sportsko ??? haubata nalikuva na polski fiat “Pegla” .
Коментирај анонимно