Јулија и Мет посетуваат повеќе места во Македонија, но едно место им остави прекрасен впечаток
Јулија и Мет во декември 2020 година дале отказ од своите работни места, го продале целиот свој имот, ги спакувале животите во куфери и тргнале во нивната најголема животна авантура. Овој брачен пар го истражува светот, а до недамна ја истражуваа и Македонија. Тие биле во повеќе градови, но кога тргнале кон Охрид не се надевале дека по патот ќе наидат на место кое уште повеќе ќе ги воодушеви.
Кога првин ја виделе Преспа и езерото на мапа очекувале обично празно место на границата каде што нема да има ништо.
„Никогаш не очекувавме да наидеме на оваа прекрасна плажа, каде погледот е едноставно, неверојатен.“, вели Јулија. Тие си замислиле дека во минатото ова било границата помеѓу Југославија и НАТО и дека ќе ги пречека некоја „поранешна воена граница“, но очигледно Преспа е далеку од тоа.
