„Јутјубери“ објаснуваат кој е единствениот начин да се преживее на Змискиот остров во Бразил, кадешто има повеќе од една змија на метар квадратен
Има делови од светот каде што луѓето не смеат да одат затоа што е премногу опасно. Таков еден дел е Змискиот остров.
Вистинското име му е Илха да Кеимада Гранде, а „Островот на змиите“ е само прекар, но тоа е затоа што местото е покриено со змии и само змии. Сместен е веднаш до брегот на Бразил и можете да стапнете на него само ако сте дел од бразилската морнарица или истражувач. Сите останати треба да се држат подалеку од Змискиот остров, каде што се проценува дека има една змија на квадратен метар.
Иако на луѓето не им е дозволено да одат на островот, луѓето повремено одат таму, како на пример бестрашните Јутјубери кои решија да се прикрадат на него.
Темата на видеата на каналот на „YouTube“ „Како да се преживее“ треба да биде прилично разбирлива, а во нивниот водич за тоа како да се преживее на островот тие имаат неколку совети за истражувачите со помал инстинкт за преживување од јутјуберот Леминг.
Првото нешто што треба да го направите е да бидете многу внимателен морнар. Второ, треба да внимавате на „џиновските лебарки“, бидејќи змиите не се единственото нешто на коешто треба да внимавате таму.
Се разбира, главната поента во преживувањето на Змискиот остров е да откриеме како да ги задржиме змиите подалеку од луѓето.
Јутјуберите велат дека каснувањето од златен лансхед вајпер значи седум проценти шанси за смрт, па затоа е препорачливо да понесете лекар со себе.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно