Јужна Кореја ја призна својата голема грешка: „Извинете што дозволивме сериски убиец да убие 15 жени, додека невин маж беше во затвор 20 години“

Полицијата во Јужна Кореја се извини за неодамнешната истрага со која заклучија дека најозогласениот сериски убиец во земјата бега од правдата повеќе од 30 години и еден невин човек поминал 20 години зад решетки.

Ли Чун-је, 57, силувал и убил најмалку 10 жени во руралните делови на Хвасеонг, јужно од Сеул, во период од пет години од 1986 година.

Жртвите, кои се движеле на возраст од 14 до 71 година, сите биле задушени, а некои од нивните тела осакатувани со вилушки, жилети и чадори. Но, во 1989 година Јун Сан-је беше погрешно осуден за силување и убиство на една од жртвите. Тој беше ослободен на условна казна во 2009 година, откако отслужи 20 години затвор, а минатата година поднесе барање за повторно судење, откако полицијата започна истрага за Ли.

„Ја поклонувам главата и им нудам извинување на жртвите од злосторствата на Ли Чун-је, на преживеаните семејства и на сите кои претрпеа штета заради полициската истрага, вклучувајќи го и г-динот Јун.“, изјавил началникот на полицијата.

Ли беше идентификуван како осомничен минатата година – повеќе од 30 години откако ја уби својата прва жртва. Полицијата собрала нови примероци на ДНК користејќи стари докази, вклучително и долна облека на жртвата, која одговарала со онаа на Ли.

Но, тој нема да биде гонет за злосторствата затоа што повеќедецениската истрага значи дека истекол статутот на застарување на злосторството, призна полицијата. Кога бил испрашан Ли ги признал сите убиства, како и на 4 други возрасни жени и едно 8-годишно девојче. Тој исто така признал дека силувал и 9 други жени. Детали за останатите пет жртви не ги објави полицијата.

Серискиот убиец во моментов издржува доживотен затвор за силување и убиство на својата снаа во 1994 година – неговата 15-та позната жртва. Во времето кога ги призна убиствата, тој се поклони пред камерите и им се извини на семејствата на жртвите, на оние кои биле лажно обвинети.

„Неговите психопатични тенденции беа очигледни, бидејќи тој воопшто не беше во состојба да сочувствува со болката и страдањето на жртвите и постојано ги покажуваше неговите злосторства“, велат од полицијата.

Рекорден број полициски службеници за еден случај биле мобилизирани во тоа време да се обидат да го најдат убиецот. Тие испитале 21,000 луѓе и испитале отпечатоци од 20,000 повеќе без успех. Во извештаите се вели дека најмалку четири лица си ги одземале животите во 1990-тите, откако биле испитани и, наводно, злоупотребени од полицијата како можни осомничени за убиствата.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.