Каде ако не во Велес: Втора македонска крипто конференција на 17 и 18 мај!

Подгответе се за два дена полни со иновации, нови технологии и инспиративни говорници! На 17 и 18 мај, во Амфитеатарот на Младински парк – Велес, ќе се одржи Втората Македонска Крипто Конференција, единствен настан од ваков тип во земјава, целосно посветен на блокчејн технологијата и криптовалутите.

 


Програмата вклучува презентации од шест регионални експерти од крипто индустријата, кои ќе настапуваат двата дена од 18:00 до 23:00 часот. Настанот е во организација на едукативниот YouTube канал Крипто Гемиџија, поддржувач на блокчејн едукацијата и финансиската писменост.

🎟 Влезот е бесплатен за сите посетители!

Не пропуштајте можност да се информирате за иднината на технологијата – директно од срцето на Велес.

 

 

 

  • Златко низ животот напиша:

    Секој кој може нека дојде. Ова на телевизија нема да ви го кажат.
    Македонец за македонец 🥃

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *