„Каде е мажот ти? Го голтна крокодил!“ – Вдовицата ѝ станала сомнителна на полицијата откако се омажила со неговиот најдобар другар

Човек по име Мајк Вилијамс исчезнал за време на лов во 2000 година и никогаш повеќе не бил виден. Неговата сопруга, Дениз, тврдела дека го изеле алигатори. Мајк и Дениз живееле во Талахаси, Флорида, и требало да ја прослават шестата годишнина од бракот таа вечер. Кога Мајк не се вратил, Дениз го пријавила за исчезнат, започнувајќи голема потрага.

 

 

Волонтери го пронашле камионот на Мајк близу езерото Семинол, а неговиот најдобар пријател, Брајан Винчестер, го пронашол празниот чамец со пушката внатре. Тимот за пребарување барал тело во матното езеро, внимателно избегнувајќи ги алигаторите за кои се знаело дека живеат таму. По 44 дена, потрагата била прекината. Било претпоставено дека чамецот на Мајк можеби се превртел и дека тој бил изеден од алигатори, бидејќи не било пронајдено тело.

Останувајќи сама да ја одгледува нивната ќерка, Дениз побарала исплата од животното осигурување на Мајк од 1,75 милиони долари, кое Брајан му помогнал на Мајк да го направи неколку месеци пред патувањето. Без тело, осигурителните компании првично одбиле да платат. Шест месеци подоцна, рибар ги пронашол ловечките чизми на Мајк во езерото, но тие изгледале премногу нови за да биле во вода со месеци, а немало знаци на напад од алигатор. И покрај тоа, судијата пресудил дека Мајк починал во ловна несреќа, и Дениз конечно ги добила парите од осигурувањето.

 

Мајката на Мајк, Шерил, никогаш не поверувала во приказната за алигаторите и мислела дека тој бил убиен. Таа истакнала дека алигаторите обично не јадат во студено време. Шерил продолжила да бара одговори речиси една деценија, правејќи постери за исчезнати и редовно пишувајќи на гувернерот. Во меѓувреме, Брајан се развел од својата сопруга и започнал да се забавува со Дениз. Тие се венчале во 2005 година.

 

Откриени докази заедно со телото на Мајк

 

Приказната доживеала шокантен пресврт во 2016 година кога Брајан, сега разведен од Дениз, се сокрил во нејзиниот автомобил со пиштол и ја киднапирал. Тој бил уапсен и подоцна се изјаснил за виновен за киднапирање и напад врз Дениз. Ден по неговото осудување во 2017 година, полицијата објавила дека го пронашла телото на Мајк и дека тој бил убиен.

Брајан признал дека го убил својот најдобар пријате. Објаснил дека се сретнал со Мајк на бензинска пумпа и го следел до езерото. Го натерал Мајк да застане во чамецот и потоа го турнал во водата.

„Се пуштивме со чамецот низ водата. Тоа беше исто како да требаше да биде патување за лов – го натерав да стане и го турнав во водата. Тој беше во паника, очигледно. Бев во паника… не занев што да правам и на крајот пукав во него“.

 

Но, Брајан рече дека убиството било идеја на Дениз затоа што таа сакала да биде вдовица и да ги добие парите од осигурувањето, наместо да се разведе. Тој објасни: „Таа немаше да се разведе, па во основа рече дека има само едно решение. Би завршиле заедно, би живееле среќно до крајот на животот, ох, и како споредна белешка, ги имаме сите овие пари за да уживаме во прекрасен заеднички живот“.

 

Во мај 2018 година, речиси 18 години откако Мајк беше убиен, Дениз била уапсена и обвинета за убиство од прв степен, заговор за убиство и помагање по убиството. За време на судењето, мајката на Мајк, Шерил, дала емотивна изјава, барајќи од судијата да ѝ изрече доживотна казна на Дениз.

„Таа веќе живее 18 години подолго од мојот син. Секој пат кога се обидувам да заспијам навечер, го гледам мојот син ми како се држи за трупецот во езерото Семинол во мракот, знаејќи дека неговиот најдобар пријател се обидува да го убие“.

Дениз била осудена на доживотен затвор без можност за условно ослободување. Брајан ќе може да бара условно ослободување во 2033 година, кога ќе има 63 години.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *