Каде е ракијата? (виц)

Поминува короната, доаѓаат дома гости после долго време. Жената ги прашува што ќе се напијат, гостинката вели сок, а гостинот една ракија. Ја бара ракијата никаде ја нема, оди во визбата, бара и таму, од ракијата ни трага ни глас. На крај го прашува мажот:
– Тоде, абе каде се шишињата со ракија?
– Си ја лекував раната.
– Која рана, бе?
– Душевната.