Каде се денес актерите од „Малколм во средина“? Еве што прават, речиси 20 години по завршувањето на серијата

Минаа речиси две децении откако серијата „Малколм во средина“ ги напушти малите екрани по седум успешни сезони (2000–2006). Сега, славното нефункционално ТВ семејство се враќа со нова мини-серија на Disney+.
Оригиналната актерска екипа – Брајан Кренстон (Хал), Џејн Качмарек (Лоис), Френки Муниз (Малколм), Кристофер Мастерсон (Френсис) и Џастин Берфилд (Рис) – ќе се појави повторно во новите четири епизоди. Единствено Ерик Пер Саливан, кој го играше Дјуи, нема да се врати, а неговиот лик ќе го игра Кејлеб Елсворт-Кларк.
Содржината на новата серија се врти околу Малколм и неговата ќерка, кои се вклучени во семејниот хаос кога Хал и Лоис ќе побараат од него да дојде за прославата на нивната 40-годишнина од бракот.

 

Каде се денес актерите од „Малколм во средина“? Еве што прават, речиси 20 години по завршувањето на серијата

1. Френки Муниз (Малколм)

Френки Муниз го играше главниот лик – генијалецот Малколм, кој постојано се обидуваше да се снајде во хаосот на своето семејство.

По завршувањето на серијата, Муниз имаше неколку телевизиски улоги, меѓу кои во „Criminal Minds“ и„ Last Man Standing“. Во 2017 година учествуваше и во 25. сезона на шоуто „Dancing with the Stars“.

Но неговата најголема пасија стана автомобилскиот спорт. Во 2024 година објави дека се приклучува како постојан возач на тимот Reaume Brothers Racing, и ќе се натпреварува во 2025 година во NASCAR Truck Series.
„Сакам луѓето да знаат дека целосно му го посветив животот на ова,“ изјави тој. „Кога не сум во болидот, мислам на тоа.“
Во приватниот живот, Френки е оженет со моделот Пејџ Муниз. Прво се венчаа тајно во 2019 година, а потоа организираа официјална церемонија во февруари 2020. Во март 2021 година добија син, по име Мауз Мосли Муниз.
Последниве години, се појави во серии како „The Rookie“, „New Amsterdam“ и „Awkwafina Is Nora from Queens“.

 

1. Френки Муниз (Малколм)

2. Џејн Качмарек (Лоис)

Џејн Качмарек го толкуваше ликот на Лоис – мајката со цврста рака и остар јазик, која постојано се бореше да ја држи фамилијата под контрола.
За оваа улога беше номинирана за Еми дури седум пати – една номинација за секоја сезона на серијата.
По крајот на Малколм во средина, таа имаше улоги во неколку серии, вклучувајќи ги „Raising the Ba“r, „This Is Us“, „Mixed-ish“ и „The Changeling“.
Беше во брак со актерот Бредли Витфорд (познат по „The Handmaid’s Tale“) 16 години, и имаат три деца. Се разведоа во 2009 година.

2. Џејн Качмарек (Лоис)

3. Брајан Кренстон (Хал)

Брајан Кренстон го играше Хал – таткото кој е истовремено детски наивен и бескрајно љубезен.
По завршувањето на серијата, неговата кариера доживеа вистински бум. Најпозната е неговата улога како Волтер Вајт во серијата „Breaking Bad“, за која доби шест Еми награди.
Има и две Тони награди за најдобра машка улога во театар, а во 2015 беше номиниран и за Оскар за улогата во филмот „Trumbo“.
Кренстон глумеше и во големи продукции како „Godzilla“, „Power Rangers“, „Isle of Dogs“, „Asteroid City“ и „Your Honor“.
Со сопругата Робин Дирден е во брак од 1989 година, и ја имаат ќерката Тејлор Дирден, која неодамна блесна во серијата „The Pitt“.

3. Брајан Кренстон (Хал)

4. Кристофер Мастерсон (Френсис)

Кристофер Мастерсон го глумеше Френсис – најстариот брат, кој постојано бега од авторитетот на својата мајка, но секогаш завршува во уште поголем хаос.
По крајот на серијата, имаше неколку гостувања во серии како „White Collar“, „Men at Work“ и „Haven“. Но со тек на време, повеќе се повлече од актерството.
Се насочи кон друга уметничка форма – диџејството. Во интервју од 2012 година изјави дека почнал да се занимава со тоа пет-шест години претходно, и дека се вежбал по дома со години пред да настапи јавно.
Во приватниот живот, Мастерсон се ожени со актерката Јоланда Пекораро во август 2019 година, а во април 2021 година добија ќерка по име Киара Дарби.

4. Кристофер Мастерсон (Френсис)

5. Џастин Берфилд (Рис)

Џастин Берфилд го толкуваше Рис – непредвидливиот брат, кој честопати правеше бељи, но во суштина беше добродушен.
По завршувањето на серијата, се повлече од актерството и премина зад камерите. Заедно со својот партнер Џејсон Фелтс, во 2010 година ја основаа продукциската куќа „Virgin Produced“.
Еден од неговите понови проекти е реалити серијата „Relatively Famous: Ranch Rules“ од 2022 година, каде што се јавува како извршен продуцент.
Во мај 2025 година, на Instagram сподели фотографии од снимањето на продолжението на „Малколм во средина“, со опис:
„Прекрасно беше повторно да се видам со старите пријатели и да запознаам нови! Среќен сум што по 20 години имавме шанса да се вратиме кај овие ликови и да видиме каде се денес.“
Тој додаде и: „Ми беше навистина забавно повторно да бидам актер – сега пак се враќам на школски превоз и пелени!“

5. Џастин Берфилд (Рис)

6. Ерик Пер Саливан (Дјуи)

Ерик Пер Саливан беше незаменлив во улогата на најмладиот брат – Дјуи, кој со својата мудрост и чуден шарм често ги надмудруваше постарите.
По крајот на серијата, имаше мала улога во филмот „Twelv“e (2010) на режисерот Џоел Шумахер, но потоа целосно се повлече од актерството.
Во интервју од 2024 година, Џејн Качмарек (Лоис) откри дека Ерик е „многу, многу добро“.
„Снимаше од 7 до 14 години и потоа реши дека актерството не го интересира повеќе,“ рече таа.
Во јуни 2025 година, Брајан Кренстон потврди во подкастот „Fly on the Wall“ дека разговарал со Ерик во врска со продолжението, но тој љубезно одбил:
„Многу е паметен. Во моментов студира магистратура на Харвард,“ рече Кренстон. „Ми рече: ‘О, не, не, не. Не сум глумел од кога имав девет години. Тоа веќе не е за мене.’“

6. Ерик Пер Саливан (Дјуи)

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *